Рецепт и видео прилог на Cooking – Пројара со сирење.

Рецепт за вкусна и сочна проја со сирење. Ова е уште еден брз рецепт со кој не можете да погрешете. Одличен избор за појадок или како дел од предјадењето на свечени настани. Плехот во кој ја печев е со димензии 30х20 см.

Потребни состојки: 3 јајца, 12 лажици пченкарно брашно, 6 лажици брашно, 4-5 лажици гриз, 1 лажичка прашок за печиво, 200 мл јогурт, 60 мл масло, 200 мл газирана вода, сол по вкус, 300 г свежо сирење и сусам за наросување.

Постапка: Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: ставете 12 лажици пченкарно брашно, 6 лажици обично бело брашно, 1 лажичка прашок за печиво и 4-5 лажици гриз. Убаво промешајте додека состојките да се изедначат.

Во друг сад измешајте ги влажните состојки: Со миксер изматете 3 јајца, а додека матите додадете 60 мл масло, потоа 200 мл јогурт, па газирана вода. Постепено започнете да ги додавате сувите состојки и за цело време матите за да нема грутчиња.

На крај ќе добиете смеса малку погуста од онаа за палачинки. Рерната загрејте ја на 200 степени а плехот намастете го, па излејте ја приготвената смеса. Одозгора наросете со сусам и ставете да се пече околу половина час на 200 степени.

Оставете малку да излади, па исечете ја и послужете ја. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.