Од гасовите и подуениот стомак ќе се ослободите со притискање на овој дел од стомакот

Називот “отечен стомак” или “напнатост во стомакот” за што народот обично вели “подуен сум ко тапан”, не секогаш се јавува поради прејадување. Ова е проблем кој честопати се јавува кај мажите и жените од било која возраст. Всушност, сигурни сме дека на голем број од читателите на НМД.мк им е познато ова чувство и доживеале ваква тегоба причинета од обемен оброк или од голема количина на газирани пијалаци.

Може да се појави и поради нетолеранција на храна, односно на: лактоза, сорбитол, глутен или фруктоза – четири компоненти кои не се варат правилно преку цревата, и претставува долгорочна плодна почва за бактериите кои се наоѓаат во цревата.

Loading...

Отечениот стомак може да претходи на руптура на некои стомачни мускули поради прекумерна тежина во таа област. Ова е многу честа појава кај бремените жени.

Од друга страна, стомакот може да се подуе и од други причини како што се цисти на јајници, предменструален синдром или прекумерна тежина. Доколку чувствувате и замор, гадење и непријатно подуен стомак, најдобро е да посетите лекар.

-Јадете полека додека уживате во храната

Доколку храната ја јадеме под стрес или набрзина, таа не е доволно обработена првенствено од ензимите во устата, а потоа и во нашите црева, а тоа доведува до зголемување на гасовите и оток во пределот на стомакот.

-Исхрана богата со растителни влакна

Исхраната исто така, игра суштинска улога кога сакаме да се ослободиме од подуеноста. Во овој поглед, внесувањето овошје и зеленчук со висока содржина на влакна е важна компонента во третманот на цревни проблеми, како што се дијареа и запек. Исто така се препорачува да пиете најмалку два литри вода дневно.

-Физичка активност

Секојдневното вежбање е исто така добра опција која треба да се разгледа кога станува збор за елиминирање на стомачната подуеност. Со била каква спортска активност се помага перисталтиката на цревата. Доволно е пешачење во времетраење од 20-30 минути за да го поттикнете движењето на цревата и нивното празнење.

Како да се третира абдоминалната подуеност?

Ако во моментов страдате од симптоми на надуеност во стомакот и чувствувате неугодност, постојат неколку корисни лекови кои можат да помогнат во ублажување на овие непријатни симптоми:

Подгответе лековити чаеви-инфузии кои многу помагаат во смирување на грчевите и напнатоста во стомакот. Еден од најпопуларните е чајот од камилицата, но исто така, многу помагаат чајот од ким, анасон, нане, ѓумбир, цимет и каранфилче.

Направете стимулативна масажа

Стимулирајте го дебелото црево за да се активира перисталтиката. Легнете на грб со нозете свиткани во колена, па започнувајќи од долниот десен агол, движењете се нагоре, па под прав агол движете се со прстите над папокот во права линија до крајот на левата страна, па спуштете се надолу и затворете го квадратот.

Освен квадрат може да исцртувате и кружница. Движете се околу папокот во насока на движењето на стрелките од часовникот, односно се следи насоката на движењето на дебелото црево. Вежбата изведувајте ја на празен стомак и правете помеѓу 30 и 40 круга.

Loading...