Стар природен рецепт за проширени вени – ослободете се од овој тежок здравствен проблем на неверојатно лесен и природен начин.

“Буквално пробав сè и ништо не ми помогна, сè додека не го “открив” овој стар лек кој буквално секому и секогаш му е достапен. И што е најважно, се покажа делотворен за само три дена!”, вели еден читател кој со години пробувал секакви лекови, но ниеден не му помогнал.

Во поплавата од разно-разни алтернативни начини на лекување на поедини болести, сепак се наоѓаат и такви кои се многу ефикасни кај поедини тегоби.

Проширените вени се состојба која денес погодува голем број луѓе и претставува еден од најчестите медицински проблеми. Тие не се само естетски проблем, туку и здравствен, а може да предизвикаат и сериозни последици како отоци, болка, воспаление, јадеж, промена на бојата на кожата. На зафатениот дел од ногата често се отвораат рани кои споро или никако не зараснуваат, а последиците за локалното ткиво се драматични.

Бидејќи за сите овие промени најодговорна е слабата циркулација, односно статичната крв, нејзиното контролирано “отстранување” за пациентот претставува најдобро тераписко решение.

Медицински методи

Последниве години на пазарот се нудат бројни тераписки решенија од ласерско до ултразвучно отстранување, потоа примена на акупунктура до хируршко отстранување со помош на UGFS метод.

Но, според искуството на пациентите познато е дека ниедно од овие решенија не е трајно, а јасно, ниту е евтино во приватните специјализирани клиники, па проблемот после неколку години повторно се јавува.

Од проширени вени боледуваат околу 15% од човековата популација, а дури 4 пати повеќе заболуваат жените. Причините се различни, а како превенција се препорачува барем половина час дневно умерена физичка активност.

Потребно е да се носат компресивни чорапи и да се користат лековити билки во облик на гелови, креми и чаеви од див костен, дива љубичица, боровинки, капини, семе од црно грозје и сл.

Природно решение

Меѓутоа на овој читател ништо не му помогнало. Пробал речиси сè што можел, но последните години состојбата значително му се влошила. Подоцна случајно дознал за овој стар природен лек.

Го применил самиот врз себеси во домашни услови, а за само неколку денови бил како “нов човек”. Проширените нозе од неговите нозе буквално се повлекле и болките исчезнале.

Колку долго ќе биде дејството на овој лек – не знае, но ако повторно се појави проблемот, “сега барем го знам лекот” – вели тој, а тоа не е хируршки нож.

ПРИРОДЕН МЕТОД

Значи, проблематичното место на ногата треба едноставно да се обложи со листови од свежи и нагмечени листови од зелка и да се фиксираат со проѕирна фолија која силно ќе ги држи листовите како завој.

Ваквата облога повремено треба да се менува, но постојано да се носи во текот на два-три дена. Проблемот ќе биде решен, можеби не трајно, но овој метод е многу поедноставен и поевтин за разлика од скапите и комплицирани третмани какви што се нудат на пазарот. Болката се смирува и отоците се повлекуваат.

Советот на овој читател е: “Пробајте, ништо не чини и ништо нема да изгубите, а само ќе се изненадите и секако, ќе заштедите пари и време”.