Пробав многу рецепти, ама никогаш не ми излегле толку многу слоеви…Овие питулици се двојат на конци! Тестото се замесува само од брашно, вода и сол, но постапката според која се развлекуваат е оригинална и поради тоа се така убави. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Приближно 5 чаши (од 200 мл) брашно и нешто повеќе од 2 чаши вода, со додаток од една лажичка сол. За премачкување ќе ви биде потребно приближно 150 г путер, и уште 2 јајца за премачкување додека се печат. Еве ја постапката:

ПОСТАПКА: Во подлабок сад за месење просејте го брашното и помешајте го со сол. Потоа додајте две чаши вода и уште малку дотурете за да не ви излезе премногу суво и тврдо тестото. Треба да добиете средно тврдо тесто кое не се лепи.

Кога ќе добиете компактно тесто, истресете го на работна површина и добро изработете го со лесно оптегнување како да тегнете ластик за да добиете на еластичност. Вака месете го 6-8 минути додека да се измазни тестото.

Потоа поделете го на 6 или 8 или 10 делови во зависност од големината на плотната (или тавата за палачинки) на која ќе ги печете питулиците. Од сите делови обликувајте топчиња, поставете ги на набрашента површина и оставете ги покриени од одморат половина час на собна температура.

Тестото не е со квасец, но како тестото одмора така се опушта и полесно се работи и развлекува. Земете едно од одморените теста и развлечете го колку можете потенко на малку набрашнета работна површина.

Преку цела површина премачкјате го со омекнат путер на собна температура. Лесно свиткајте го во ролат, па свиткајте го околу раката и крајот потпикнете го внатре за да се затвори како полжав.

Сплескајте го со дланката одозгора за да добиете питулица и тргнете настрана. Постапката повторете ја со сите теста.

Наредете ги во набрашнет послужавник, посипете ги малку со брашно , покријте ги со кеса и ставете ги во замрзнувач 15-20 минути колку да се стегне.

Потоа извадете ги и една по една развлечете ги тенки со големина на тавата во која ќе ги печете. По потреба наросувајте по малку брашно при развлекувањето.

Започнете со печењето: ставајте ги на умерено загреана тава/плотна, па кога малку ќе зарумени од долната страна, горната премачкјате ја со изматени јајца, па превртете ја да се испече и од таа страна.

Повторно превртете ја, па премачкјате ја со малку путер, и кога по вторпат ќе ја превртите и ќе сте сигурни дела е убаво испечена, извадете ја во чинија. Вака испечените питулици редете ги една врз друга.

Многу се меки, вкусни и се двојат на слоеви. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ЗА ПОЈАДОК ИЛИ ВЕЧЕРА – НОВ РЕЦЕПТ ЗА ВКУСНИ ПИТУЛИЦИ: Отсега само вака ги правам, меки се како душа“ – ОВДЕ.

ЗА ПОЈАДОК ИЛИ ВЕЧЕРА – НОВ РЕЦЕПТ ЗА ВКУСНИ ПИТУЛИЦИ: Отсега само вака ги правам, меки се како душа