ПЧЕНКАРНИ МИНИ ПОГАЧИ: Брзи, вкусни и без квасец…за љубителите на традиционално месено! Овие мини погачи може да се јадат наместо леб, многу се вкусни и мирисни и не го дујат стомакот. Многу побрзо се приготвуваат од квасното тесто, бидејќи не мора да се чека и да ферментира. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 чаши течен јогурт, 1 лажица сол, 4 лажици растително масло, 1 кесичка прашок за печиво, 220 г бело брашно, (2 чаши), 1.5 – 2 чаши пченкарно (жолто) брашно + уште малку за домесување

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете 2 чаши течен јогурт, 1 лажица сол, 4 лажици растително масло и 1 кесичка прашок за печиво, па рачно промешајте со маталка додека да се соединат состојките.

Потоа додајте две чаши бело брашно. Мешајте со лажица додека да се впие течноста и да добиете компактно тесто. По потреба додајте уште малку пченкарно брашно. Истресете го на набрашнета површина, па месете го додека да се измазни.

Не треба да се лепи за рака, а сепак да биде меко. Поделете го на 4 дела и обликувајте топки. Ставете ги во плех обложен со хартија за печење и одозгора намастете ги и малку сплоснете ги со дланката како погачи.

Со остар нож засечете ги подлабоко на триаголници, па ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 30-35 минути или додека убаво да заруменат.

Штом ги извадите од рерна додека сè уште се топли премачкајте ги со малку растопен путер и оставете да подизладат. Уживајте во убавиот вкус! Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „ТРАДИЦИОНАЛНА ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА: Многу убаво мириса и полесна е за стомакот, не го дуе“ – ОВДЕ.

ТРАДИЦИОНАЛНА ПЧЕНКАРНА ПОГАЧА: Многу убаво мириса и полесна е за стомакот, не го дуе