Ова е особено корисно за оние луѓе што ненадејно добиваат панични напади и имаат црни мисли, но корисно е и за сите останати.
Чувството на паника на сите ни е познат, без разлика дали сме го искусиле еднаш во живот или тоа ни е редовна појава. За среќа, постојат когнитивно бихевиорални стратегии кои можат да ги олеснат ваквите моменти.
ТРИК СО МРАЗ
Направете кесички со мраз и ставете ги на лицето, веднаш под очите. Чувството на неугодност може да се пренасочи кон вашата кожа. Исто така, чувството на студ во тој дел од лицето ќе придвижи една реакција на нервниот систем која ќе го успори дишењето и ќе го смири пулсот, што може да даде чувство на мир.
ТРИК СО ХАРТИЈА
Земете лист хартија и на него запишете ги сите негативни мисли кои ве мачат во моментот, како на пример „ништо не ми иде од рака“. Потоа запрашајте се, дали навистина е така. Кога реално ќе ги воочите фактите, ќе сфатите дека сепак вашите мисли, неоправдано, се премногу црни.
ТРИК СО СКАЛИ
Седнете, удобно сместете се, затворете ги очите и длабоко вдишете. Предочете го секој детаљ на споро симнување низ спирални скали, од светлина, преку чувствота на оградата под вашата рака, до звукот од стапалото кога се спушта на скалата. Што повеќе се фокусирате на таа слика, толку помалку простор ќе остане за црните мисли.