Пријателите ми носат брашно за да им го подготвам овој рецепт…НОВОГОДИШНА ПОГАЧА со суво овошје…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто (2 кори):
2 јајца
50 г шеќер
400 мл топло млеко
10 г сув квасец
100 мл масло
800 г г брашно
15 мл масло

За премачкување:
200 г путер на собна Т
За посипување врз путерот:
40 г шеќер
20 г рендана кора од портокал
150 г суво грозје
100 г сечкани ореви
150 г брусница или по избор

И уште:
30 мл растопен путер за премачкување на калапот
шеќер во прав за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

БОЖИЌЕН КОЛАЧ СО СУВО ОВОШЈЕ И ОРЕВИ: Додека се пече цела куќа мириса прекрасно

Изматете ги јајцата со шеќерот и соединете ги со тплото млеко и маслото, па додајте го квасецот и 400 г брашно. Изедначете да нема грутчиња, па постепено додајте ги следните 400 г брашно. Месењето завршете го со 15 мл масло.

Добро измесете го да се измазни и да не се лепи, па оставете го да ферментира покриено додека да го удвои волуменот, 1 час.

Поделете го на две топки и секоја развлечете ја во голем правоаголник. Преку целата површина премачкјате мек путер и посипете шеќер, рендана кора од портокал, ореви и суво овошје. Свиткајте во ролат.

Постапката повторете ја и со другото тесто. Првиот ролат поставете го на крајот од втората кора, па заедно свиткајте ги во голем ролат. Пресечете го на половина надолжно и свиткајте го во полжав (пресечената страна да биде надворешна).

Погачата ставете ја во калап намастен со путер и оставете да ферментира 1 час. Потоа печете 45 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: