Победете ја болката во грло на природен начин . со ароматични напитоци и сирупи кои го јакнат имунитетот, ја подобруваат состојбата на слузокожата, ги “плакнат” микробите и го олеснуваат дишењето.

ИСПЕРЕТЕ ГО ГРЛОТО

Правете гаргара на секои 2 часа, најмалку 30 секунди со следнава течност:

Потребни состојки:

1 лимон – свежо исцеден сол
2 лажици мед
2 лажици јаболкова киселина
1 лажица вода

Постапка:

Исцедете сок од лимон, па во него додадете ги останатите состојки. Добро промешајте за да се раствори медот и да се добие еднолична смеса.

Со оваа течност правете гаргара на секои два часа, колку подолго можете да издржите, но не пократко од 30 секунди. Течноста не ја голтајте, туку плукнете ја одводот.

За испирање на грлото може да користите и солена вода, или посилен чај приготвен со жалфија во кој сте додале и мед.

СОКОВИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Во соковникот направете сок од секој сок посебно, а потоа помешајте ги во висока чаша:

2 чешниња лук, 4 моркови и 3 гранчиња магдонос

2 моркови, ½ главица зелена салата, 2 домати

¼ зелка, ½ краставица, 2 моркови

2 јаболка, 2 целери, ½ кромид, 1 чешне лук, 1 брокула

ЧАЕВИ КОИ НОСАТ ОЛЕСНУВАЊЕ

Пригответе 250 мл вода, 1 лажица маточина, 2 лажици свежо исцеден лимон, мед по вкус. Со врела вода прелијте ги листовите на маточината и оставете чајот на се олади на телесна температура 36-37 степени. Потоа додадете свеж лимонов сок и по желба засладете со мед.

2 чајни лажички сув корен од слез натопете во ладна вода и оставете да отстои неколку часови. Пред пиење загрејте го чајот да биде млак (не смее да врие).

ЛЕКОВИТИ СИРУПИ

Во еднакви делови помешајте млеко (по можност козјо), мед и пржен црвен кромид. На секои два часа консумирајте по 1 лажичка.

Направете сируп од еднакви количини мед и исцеден сок од црвен кромид. Консумирајте на секои 2 часа по 1 лажичка.