Природна мешавина која ги чисти артериите, го намалува холестеролот, штити од вируси и инфекции

Има голема корист од овој напиток – природен лек. Станува збор за комбинација од три супер здрави намирници кои со заедничко и секојдневно делување можат да направат исклучително позитивни здравствени ефекти врз вашиот организам.

Лекот е добар за лекување и спречување на затнати артерии. Исто така, добар е и за регулирање на покачените масти во кр-вта, спречување на општ замор на телото, спречување и лекување на инфекции и настинки, интензивно јакнење на имунолошкиот систем, чистење на црниот дроб и подобрување на црнодробните ензими.

Фото илустрација / Doug Beckers / Flickr.com

Овој природен лек спречува појава на слободни радикали во организмот кои се предизвикувачи на најсе-риозните болести и низа други состојби поврзани со срцеви и циркулаторни заболувања.

Потребните состојки за подготовка на овој природен лек се: 4 цели поголеми главици лук, 4 органски лимони со кора, помал корен од ѓумбир (приближно 3-4 см) или две полни лажици рендан, 2 литри чиста вода.

Постапка: измијте го лимонот добро (ако е купечки оставете го раствор од вода и сода бикарбона или вода и оцет, па откако ќе отстои еден час добро измијте го со млаз ладна вода) и исечете го на парчиња.

Отстранете ги и семките, бидејќи тие даваат многу горчлив вкус. Излупете го лукот и ставете го во блендер заедно со лимонот и ѓумбирот. Миксајте колку што е потребно додека да добиете еднолична смеса.

Добиената смеса префрлете ја во поголем сад, па долејте 2 литри вода и ставете на оган да се загрее. Штом дојде до точка на вриење, веднаш исклучете ја ринглата и оставете го тенџерето поклопено додека целосно да се олади.

Потоа процедете ја смесата низ цедалка или газа и складирајте ја во стаклени шишиња. Овој лековит напиток се пие секој ден по една чаша од 200 мл, најмалку 2 часа пред јадење, односно на празен желудник. Напитокот се чува во фрижидер.

Терапијата трае три седмици со секојдневно пиење на една чаша. После три седмици мора да направите пауза од една седмица, а потоа може да се повтори третманот уште три недели, на истиот принцип.

Ако вкусот не ви одговара, може да додадете мед по вкус. После три седмици употреба треба да почувствувате значителна регенерација на телото од почетокот на употреба на овој напиток.

Покрај веќе споменатите придобивки, напитокот е особено корисен за спречување на калцификациии во организмот, односно создавање на „бисери“ – камења во органите, како и затнување на крвните садови.

pixabay.com

Комбинацијата од лимон, вода и првиот „клуч“ кога се загрева течноста, овозможува неутрализација на мириот на лукот, поради кој честопати луѓето го одбегнуваат во исхраната. Пред секоја употреба на овој природен лек, мора да се протресе шишето убаво, за да се изедначи течноста со талогот од лук и лимон од дното.

Од приложените искуства на оние што го испробале овој напиток, можеме да кажеме дека напитокот е одличен за повозрасни лица кај кои видно се враќа енергијата и силата, бидејќи кај нив делува брзо подмладувачки и само после неколку седмици им се подобрува циркулацијата.

Претходна статијаМини тирамису без јајца, без печење, готово е за 10 минути
Следна статијаЕден гумен ластик и ќе заспиете за 10 минути како бебе, делува веднаш и ја отстранува несоницата