Чичока (Helianthus tuberous) позната и како Топинамбур, Репујка, Див компир или Сладок компир е повеќегодишно растение кое се одгледувало како лек во Северна Америка кадешто Индијанците ја користеле за повеќе болести. Во Англија е позната како Еврејска артичока и расте многу побрзо со височина до 2-3 метри. Главно се користи за луѓе заболени од шеќерна болест.
Станува збор за еден вид компиресто растение со крупен и неправилен облик, но осебно е популарен бидејќи не содржи скроб, туку полисахаридот инулин, па затоа најчесто го користат дијабетичатрите во својата исхрана.
Оваа билка е препознатлива по високите стебленца и големите жолти цветови, сака песокливо тло, а добро поднесува и неповолни услови. Преживува суша, но и ниски температури до -30 степени. Сака влага, но не се препорачува да се сади на места каде претходно се садело сончоглед или се’ уште расте. Може да се сади во доцна есен или на почетокот од пролетта.
Чичоката има ниска калорична вредност и многу нитриенти. Содржи натриум, калиум, фосфор, калциум, железо и магнезиум, а витамини А, Б, Ц и Д, како и есенцијални аминокиселини. Сепак, најважната состојка е инулин, полисахаридот кој всушност е пробиотик и го стимулира развојот на добрите бактерии во цревата.
Чичоката е добра и за лица кои патат од кардиоваскуларни болести, бидејќи придонесува за генерално намалување на холестеролот во крвта. Воедно ја јакне крвта и помага при анемии и останати болести на крвта и крвните садови.
Се смета дека претставува одличен природен афродизијак.
Ова се лековитите моќи на чичоката:
-го јакне имунитетот
-го јакне либидото
-ја зголемува плодноста
-го намалува ризикот од стерилитет
-ја поттикнува потенцијата
-има антибактериско и антиоксидативно дејство
-претставува природен диуретик
-може да се користи за превенција од алергии
-помага при остеопороза
-го регулира крвниот притисок
-го подобрува здравјето на срцето (високо ниво на калиум)
-одлично за здравјето на цревата
Како се јаде чичоката:
За разлика од компирот, чичоката може да се јаде сирова. Поточно, не е потребно термички да се обработува. Може да ја приготвувате во вид на салати или да ја готвите во вид на супи, вариво, како прилог…