Природен мед од глуварче за имунитет и регенерација на замастен црн дроб

Фото и рецепт: Ивана Костиќ-Станковиќ – мед од глуварче.

Глуварчето одамна е познато и докажано како одличен природен лек и најчесто се користи за подобрување на имунитетот, како и за лекување на заболен црн дроб. Глуварчето е многу здрава билка која помага за лекување на бројни здравствени проблеми. Се користи за спречување на рак, ја одржува функцијата на црниот дроб, претставува природен диуретик, врши детоксикација на организмот и се користи за слабеење.

Ова е рецепт за приготвување на природен сируп од цветовите на глуварчето кое иако не е пчелин мед, сепак се нарекува “мед од глуварче” поради сличноста на конзистенцијата и неговата лековитост.

Потребни состојки:

Loading...

365 цветови
4 кг интегрален или бел шеќер
2 литри вода
4 лимони

Постапка:

Лимоните добро измијте ги и оставете ги половина час во ладна вода со малку сода бикарбона. Потоа исплакнете ги и исечете ги на тркалца, извадете им ги семките и ставете ги заедно со набраните цветови од глуварче.

Цветовите е најдобро да се берат на пладне кога сонцето е највисоко, па цветовите се најотворени.

Смесата прелијте ја со 2 литри вода и оставете ја целата содржина поклопена да отстои 24 часа. Потоа ставете го тенџерето на оган и варете на умерена температура половина час. Потоа процедете ја содржината и добро истискајте ги цветовите и лимоните.

Во течноста додадете го шеќерот и повторно вратете на оган. Овојпат гответе еден час. Додека се вари сирупот ќе забележите дека на површината може да се нафаќа пена која е потребно да ја собирате за медот да не биде горчлив.

Кога медот е готов, се складира во чисти тегли. Кога ќе излади смесата ќе згусне. Медот може да се чува во ладни простории до една година. Се консумира наутро на гладен стомак по една лажица, може да се додава во зелен чај или да се користи како намаз.

Фото и рецепт: Ивана Костиќ-Станковиќ

Loading...