Најдобрата превенција за срцеви болести – прочитајте многу интересни информации за тоа, како некои намирници кои на многумина им се омилено јадење, всушност штетно му делуваат на срцето и претставуваат тригер за најопасните болести.

Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смер во светот, бидејќи од здравствена состојба на крвните садови зависат сите органи од телото, а тоа значи целокупниот организам.

Промената на животниот стил кој го наметна современото општество, кој е многу стресен и полн со нездрави навики, доведе до зголемување на срцевите болести, како кај старата, пака и кај младата популација.

Можеме да ги спречиме со усвојување на некои навики, како одбегнување на намирници кои нашето срце не ги сака, а тоа се солта, шеќерот и маста.

Големите количини на масти, шеќери и особено заситените масти во комбинација со сол, со текот на времето се таложат и го зголемуваат ризикот од развој на кардиоваскуларни болести, па доколку внимавате на своето здравје, подобро е да ги одбегнувате овие три работи.

СЛАНИНА

Постојат научни анализи кои потврдуваат дека ретката консумација на сланината од здраво животно, во мали количини е всушност здраво, доколку истото не е третирано со антибиотици, хормони, а потоа и разни хемикалии за конзервирање, кои се штетни за организмот.

Повеќе од половината од калориите на сланината доаѓаат од мастите кои го зголемуваат лошиот холестерол (ЛДЛ) и ги зголемуваат шансите за добивање на срцев удар.

Бидејќи сланината е преполна со сол, автоматски се зголемува крвниот притисок и поради тоа срцето потешко работи. Високиот процент на натриум може да доведе до инфаркт, болест, па дури и до престанок на работата на срцето.

ЦРВЕНО МЕСО

Ако јадете премногу јагнешко или свинско месо, шансите за развој на болести на срцето се зголемуваат многупати. За почеток, намалете ги порциите и одберете бело месо, но сепак внимавајте и тоа да биде квалитетно, односно да не е третирано со хормони и разни други штетни хемикалии.

КОЛАЧИ И ДРУГИ СЛАТКИ

Колачите и слични десертни слатки би требало да бидат реткост на вашата трпеза, бидејќи се преполни со шеќери кои доведуваат до нагло скокање на нивото на инсулинот и перспективно таложење на масно ткиво и зголемување на килограмите. Потоа следи зголемување на нивото на триглицеридите што пак е тригер за болест на срцето.

МЕСНИ ПРЕРАБОТКИ

Виршли, салами и колбаси се храна која е најчестото мезе на нашите трпези и нешто што го има во сечиј фрижидер. Меѓутоа, тоа е најлошата храна за вашето срце, тврдат експертите, бидејќи содржат големи количини на сол и масти. Консумирањето на ваквите производи треба да се сведе на минимум.

БЕЛ ОРИЗ, ТЕСТЕНИНИ, ЛЕБ

Овие намирници се наше секојдневие. Направени се од бело брашно и од нив се извадени здравите состојки како што се влакната…  При дигестија се разложуваат до шеќери кои потоа нашето тело ги претвора и складишти како масти во пределот на стомакот. Овие масти честопати се поврзуваат со развој на срцевите болести.

АЛКОХОЛ

Умерената консумација на алкохол нема да ви наштети освен доколку имате висок крвен притисок; тогаш може да влијае врз развој на болести на срцето. Премногу алкохол со текот на времето може да доведе до застој на срцето, висок крвен притисок, инфаркт и алкохолно гоење.

ЈОГУРТ

Јогуртот може да биде одличен извор на нутриенти кој штити од појава на висок притисок, но бидете внимателни каков јогурт купувате. Имено, јогуртите на кои им се додадени вкусови, преполни се со шеќер, па доколку редовни ги јадете, на крај ќе ве доведат до висок крвен притисок, воспаление и болести на срцето.

ПРЕСКОКНУВАЊЕ НА ОБРОЦИТЕ

Понекогаш поради работниот ден преполн со обврски, некогаш од заборавеност, се случува да заборавиме дека секој оброк и меѓуоброк е многу важен.

На тој начин доаѓа до успорување на метаболизмот и се зголемуваат шансите за прејадување, кога после прескокнатиот оброк ќе седнете на маса да јадете.

Резултатите се болки во стомакот, внесени премногу калории, оптеретување на дигестивниот систем, насочување на целата енергија на организмот за да ја свари сета таа храна и да ја складира, а тоа значи и таложење на масно ткиво околу стомакот кое е најштетно за кардиоваскуларното здравје.