За подобрување на имунитетот. Глуварчето е многу здрава билка која помага за лекување на бројни здравствени проблеми. Се користи за спречување на рак, ја одржува функцијата на црниот дроб, претставува природен диуретик, врши детоксикација на организмот и се користи за слабеење.

глуварче

Потребни состојки: 250-300 цветови од глуварче, 1 кг интегрален шеќер (може и бел), 1 литар вода и 2 лимони. Постапка: цветовите од глуварче се берат напролет, на пладне кога сонцето е највисоко и најсилно. Се бере на чисти ливиди подалеку од загадување и сообраќај.

глуварче

Измијте ги цветовите под млаз ладна вода, исцедете ги, а потоа ставете ги во сад и прелијте ги со еден литар ладна вода и ставете на оган да зоврие. Откако полека ќе зоврие, садот тргнете го на страна и оставете го да преноќи на собна температура.

глуварче

Потоа смесата се процедува а цветовите убаво се исцедуваат за да се искористи целата течност. Добиената течност уште еднаш се процедува, овојпат преку газа. Во течноста се додава шеќерот и се става на оган да се вари околу еден час, на умерена температура.

Откако смесата ќе згусне, се додава лимонот претходно убаво измиен и исечен на парчиња заедно со кората. Се готви уште 40-60 минути до потребната густина, а притоа се трга пената.

Кога медот е готов, се трга лимонот од смесата и се складира во чисти тегли. Кога ќе излади смесата ќе згусне. Медот може да се чува во ладни простории до една година.

Се консумира наутро на гладен стомак по една лажица, може да се додава во зелен чај или да се користи како намаз. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте го и рецептот на Ивана Костиќ-Станковиќ:

Природен мед од глуварче за имунитет и регенерација на замастен црн дроб / Фотографија и рецепт на Ивана Костиќ-Станковиќ – мед од глуварче.

Глуварчето одамна е познато и докажано како одличен природен лек и најчесто се користи за подобрување на имунитетот, како и за лекување на заболен црн дроб. Глуварчето е многу здрава билка која помага за лекување на бројни здравствени проблеми.

Се користи за спречување на рак, ја одржува функцијата на црниот дроб, претставува природен диуретик, врши детоксикација на организмот и се користи за слабеење. Ова е рецепт за приготвување на природен сируп од цветовите на глуварчето кое иако не е пчелин мед, сепак се нарекува “мед од глуварче” поради сличноста на конзистенцијата и неговата лековитост.

Потребни состојки: 365 цветови, 4 кг интегрален или бел шеќер, 2 литри вода, 4 лимони

Постапка: лимоните добро измијте ги и оставете ги половина час во ладна вода со малку сода бикарбона. Потоа исплакнете ги и исечете ги на тркалца, извадете им ги семките и ставете ги заедно со набраните цветови од глуварче. Цветовите е најдобро да се берат на пладне кога сонцето е највисоко, па цветовите се најотворени.

Смесата прелијте ја со 2 литри вода и оставете ја целата содржина поклопена да отстои 24 часа. Ставете го тенџерето на оган и варете на умерена температура половина час. Потоа процедете ја содржината и добро истискајте ги цветовите и лимоните.

Во течноста додајте го шеќерот и повторно вратете на оган. Овојпат гответе еден час. Додека се вари сирупот ќе забележите дека на површината може да се нафаќа пена која е потребно да ја собирате за медот да не биде горчлив. Кога медот е готов, се складира во чисти тегли. Кога ќе излади смесата ќе се згусне.

Медот може да се чува во ладни простории до една година. Се консумира наутро на гладен стомак по една лажица, може да се додава во зелен чај или да се користи како намаз. / Фотографија и рецепт на Ивана Костиќ-Станковиќ