Чајот е еден од најздравите и најпопуларните пијалоци низ целиот свет со векови. Достапен е во различни вкусови, форми и видови. Познат е како еден од најздравите стимуланси и како едноставен и безбеден лек за борба против разни болести и нарушувања. Здравствените придобивки поврзани со пиењето чај се многубројни.

Од сите видови чај, црниот, белиот и зелениот чај се лидери кога станува збор за здравствените придобивки. Најпознат вид на чај е дефинитивно црниот чај. Некои сè уште го нарекуваат индиски чај, а се наоѓа и под името руски чај. Црните чаеви често се збогатуваат со арома на јасмин и бергамот.

Зелениот чај потекнува од Кина, каде е познат уште од античко време. Народната медицина веруваше дека зелениот чај ги лекува речиси сите болести, од главоболки, забоболки до ментални болести, како што е депресијата. Денес, лековитите ефекти на зелениот чај се научно докажани.

Белиот чај спаѓа во групата на многу ретки зелени чаеви. Го добил името по белите листови. Од белите чаеви, се издвојуваат чаевите „Паи му тен“ и „Сребрена игла“. Како најдостапен и најефикасен кога станува збор за топење на мастите, е зелениот чај, а нутриционистите успеаја да осмислат совршена комбинација од состојки кои го засилуваат неговото дејство.

Одлична мешавина од зелен чај, ѓумбир и лимон…

Можете лесно да се ослободите од наталожените килограми ако консумирате зелен чај. Чајот ги содржи антиоксидансите катехини, кои најмногу ги има во зелениот и белиот чај, помалку во улонгот, а најмалку во црниот чај. Најважниот катехин на зелениот чај се нарекува епигалокатехин-3-галат (EGCG) и оваа состојка е одговорна за намалување на обемот на половината кај консументите на овој одличен напиток.

зелен чај

Имено, EGCG ја зголемува потрошувачката на енергија потребна за варење, апсорпција и метаболизам на храната. Исто така, EGCG ја стимулира оксидацијата на мастите што резултира во намалување на резервите од масно ткиво. Покрај тоа, дури и кај нисхрана во која преовладуваат мастите, со долгорочното консумирање на EGCG, доаѓа до намалување на акумулацијата на масното ткиво, а со тоа и појавата на вишок телесна тежина.

зелен чај

Имено, ин витро студиите покажуваат дека катехините од зелениот чај, особено EGCG, го попречуваат варењето и емулгификацијата на маснотиите, кои се клучни чекори во апсорпцијата на мастите од храната. На овој начин, се намалува акумулацијата на мастите во ткивата.

зелен чај

Покрај докажаниот ефект врз линијата, зелениот чај е ефикасен и во чистењето на организмот, бидејќи се покажало дека го зголемува производството на клучни ензими за детоксикација и со тоа стимулира екскреција на штетни материи од организмот.

Чајните катехини не се стабилни во незакиселена средина каква што е во цревата. Како резултат на тоа, околу 80% од катехините се губат за време на варењето на храната, но сепак, истражувањата покажале дека во комбинација со некој кисел сок како на пример, од портокал, лимон, грејпфрут или лимета може да се намали нивната загуба.

Потребни состојки: 1 лажичка зелен чај во прав, парче коцка свеж ѓумбиров корен со величина од 1 × 1 см и 2 лажици лимонов сок

Постапка: Сварете 150 мл вода и оставете ја да се излади до 80 степени, а потоа прелијте ги зелениот чај и ренданиот ѓумбир. Оставете да отстои 2-3 минути, а потоа процедете ја течноста. Кога малку ќе се олади, додадете 2 лажици сок од лимон.

Во продолжение, доколку ве интересира, прочитајте ги својствата на сите чаеви поединечно. Секој од овие три вида чај има исклучителни и посебни лековити својства. Но, кој кога се користи?

Бел чај

Белиот чај е познат и како „еликсир на долговечноста и убавината“ и се смета за главна состојка во еликсирот на младоста. Богат е со антиоксиданти. Тајната на лековитите својства на белите чаеви е во третманот на лисјата при берење и во нивната обработка.

Ова не е изненадувачки затоа што доаѓа од истата билка како црниот и зелениот чај, но кога се преработува, белиот чај е најмалку обработен и со тоа задржува најмногу хранливи материи и други високо лековити материи и најмалку кофеин. Сето ова го прави најдобар, најсилен и првенствено најлековит чај во светот.

Најголемата моќ на белиот чај е во превенција од разни болести и во оваа област е незаменлив. Други лековити својства: исклучително добар во спречување на растот и ризикот од рак. Помага при срцеви заболувања, артритис, му помага на организмот во борба против вирусите и бактериите.

Белиот чај исто така ја намалува загубата на еластинот и колагенот, поради што е особено познат и разликуван од другите групи чаеви. Може да го намали нивото на шеќер во кр-вта, да ги ублажи симптомите на дијабетес. Може да го релаксира телото што помага во намалување на стресот и го зајакнува телото.

Значително ја намалува појавата на кр-вавење на непцата и забен кариес бидејќи содржи флуор. Исто така, многу помага при слабеење затоа што го забрзува метаболизмот. Го намалува холестеролот и помага во подобрување на артериската функција со што се намалува високиот кр-вен притисок.

Затоа, значително ја намалува можноста за мозочен у дар. Исто така, помага во заштитата на кожата од штетните ефекти на сончевите зраци и ги зајакнува коските. Во принцип, белиот чај го зајакнува имунитетот на целиот организам.

Зелен чај

Лековитите својства на зелениот чај се многубројни. Можеме да го наведеме следново: зајакнување на срцето и циркулаторниот систем, намалување на лошиот холестерол, забрзување на метаболизмот, регулирање на нивото на шеќер во кр-вта, давање чувство на ситост без вишок калории.

Ги забавува метастазите на ракот, а исто така може да има и превентивен ефект. Ги подобрува когнитивните способности (се смета за „заштитник на мозокот“). Исто така, може да помогне да се спречи Алцхајмеровата болест, да се зајакне имунитетот, да се спречи расипување на забите, да има добар ефект врз тенот и да се намали присуството на акни.

Истражувањата покажуваат дека е добро да се пие зелен чај пред физичка активност бидејќи го стимулира согорувањето на дополнителните калории. Она што е важно да се додаде е дека зелениот чај нема несакани ефекти, освен несоница ако се консумира кратко пред спиење.

Црн чај

Црниот чај има и многу докажани лековити својства. Флавоноидите во црниот чај го намалуваат производството на штетен холестерол, а со тоа значително го намалуваат ризикот од мозочен у дар и срцев у дар. Се користи за смирување на главоболките, а исто така ги подобрува и менталните способности.

Понатаму, овој корисен пијалок помага при стомачни заболувања, се користи во дијабетес тип 2, камен во бубрег, губење на тежината кога се користи со други производи, а исто така ги намалува симптомите на Паркинсонова болест.

Истражувањата докажаа дека црниот чај, благодарение на неговите богати антиоксиданти, го намалува и значително го забавува развојот на рак, а откриено е дека црниот чај ги намалува и хормоните кои предизвикуваат стрес.

Многумина користат црн чај за да се одвикнат од пиење кафе. Имено, црниот чај содржи најмногу кофеин од сите чаеви (од 2 до 4%). Црниот чај поради неговите богати антиоксиданти, го забавува стареењето на кожата. Откриено е дека црниот и зелениот чај ги деактивираат вирусите.