ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА СУВА КАШЛИЦА, искуствата велат дека поминува за 1 ден

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА СУВА КАШЛИЦА, искуствата велат дека кашлицата поминува за 1 ден. Сувата кашлица не подразбира присуство на секрет во белите дробови. Настанува како последица на надразнување на слузокожата во грлото, најчесто после настинки, но и други иританти. Оваа кашлица се смета за потежок облик бидејќи поспоро се лечи од слузавата.




КАКО ДА ЈА ИЗЛЕЧИТЕ СУВАТА КАШЛИЦА? Доколку ве мачи кашлица која никако не може да ја смирите, постојан неколку едноставни начини од народната медицина, доколку сакате да се излечите, а сепак да не пиете дополнителни медикаменти.




ВРЕЛ ТУШ. Исто како што се практикува врел туш кога носот ви е затнат при настинка, така помага и за сува кашлица. Врелиот туш и пареата ја ублажува иритацијата на грлото во случај на продуктивна кашлица.




Во суштина, целата постапка што треба да ја примените е да ве опкружи висока влажност на воздухот, што е одличен начин за полесно дишење и ублажување на кашлицата.




ИНХАЛАЦИЈА. Освен врелиот туш, постои уште еден едноставен начин да ја запрете кашлицата. Со помош на инхалација, исто така обезбедувате поголема влажност во воздухот, што е неопходно за правилен провод на воздухот низ дишните патишта.




Се што треба да направите е да зовриете вода во поголем сад, во која може да додадете и малку сол, а потоа да тргнете од рингла и со помош на пешкир да ја вдишувате пареата. Корисно е да ставите и неколку капки есенцијално масло, како на пример масло од нане или евкалиптус кој многу помага во олеснување на кашлицата.




ПИЈТЕ ШТО ПОВЕЌЕ ТЕЧНОСТИ. Пиењето на течности, особено вода при каква било настинка и грип, може да се олеснат доколку пиете многу течности во текот на денот. Кога кашлицата е предизвикана од настинка, течноста може да помогне да се исфрли секретот и да се разреди.




Исто така, течноста може да ви помогне да го одржите грлото чисто, особено во случај на настинка кога кашлицата може да биде предизвикана од назални течности кои се враќаат постојано.




Ваквото повраќање на течност или секрети може да ја иритира слузницата на грлото, и како последица на тоа, се јавува сува кашлица. И не само тоа, топлите пијалаци како чаеви можат да бидат многу добар начин за ублажување на кашлицата.




Природен лек за кашлица – КОРИСТЕТЕ МЕД

Ако кашлате и имате б олки во грлото, медот може да биде природниот лек што ви е потребен. Најчесто бабите не учеле дека е најдобро денот да се започне со лажичка мед за никогаш да не не боли грлото. Медот е одличен за зајакнување на имунитетот, а во исто време е ефикасен во лекувањето на кашлица.




Која е тајната?

Експертите веруваат дека ефектот на медот врз кашлањето се должи на неговата текстура, која ги смирува иритираните области. Покрај тоа, содржи бројни ензими на кои им ги должи своите антибактериски својства, што го прави одличен природен лек за иритирано грло.

Во случај да не ви се допаѓа чист мед, можете да го промешате во вода или чај, во комбинација со лимон по желба. Сепак, треба да знаете дека ќе добиете најсилен ефект ако јадете мед без адитиви, бидејќи неговите состојки нема да реагираат со други супстанции.

Чајот од корен од слаткарче често се споменува како корисен природен лек за кашлица. Без оглед на причината за продуктивната кашлица, слаткарчето го смирува воспалението, ги чисти дишните патишта, помага да се омекне слузта.

Чајот од мајчина душица е уште еден корисен чај за кашлица. Мајчината душица е една од клучните билки која често служи како природен лек за разни заболувања и состојби.

Не само што е меѓу главните природни лекови во различни древни традиции, мајчината душица денес е официјално одобрена во некои земји како докажан природен лек за воспаление на респираторниот тракт и други разни респираторни заболувања.

Мајчина душица содржи антимикробни агенси кои се бо-рат директно против причината за кашлица, а со тоа ефикасно дејствуваат за да ја елиминираат. Во исто време, ги релаксира мускулите и ги отвора дишните патишта.

Исто така, сирупите за кашлица можат да бидат ефикасен лек против овој проблем. Иако тие не се првото нешто на кое помислувате кога некој ќе ви каже „природен лек“, некои сирупи се токму тоа – билни препарати кои се направени за да ви помогнат во бор-бата против кашлицата.

Обично ќе најдете различни видови сирупи во зависност од тоа каква кашлица третирате – сува или продуктивна. Во суштина, можете да најдете разни рецепти на Интернет како да ги направите овие сирупи сами дома, но ако се уште купувате сирупи, побарајте ги оние што ги содржат следниве билки: жалфија, мајчина душица, бел слез, тегавец, ловоров лист и коприва.

ЛЕК СО ЃУМБИР ЗА СУВА КАШЛИЦА

Потребни состојки: 3 лажици ситно сечкан ѓумбир, 1 лажица нане, 4 чаши вода и малку мед, околу половина шолја. Постапка: Ставете ги ѓумбирот, нането и водата на силен оган додека да зоврие.

Потоа намалете ја температурата и оставете да вари додека да испари половина од водата. Изладете ја течноста, потоа додајте мед и промешајте додека да добиете хомогена смеса.

Овој сируп треба да се пие на секои неколку часа, по една лажица. Сирупот може да ви трае до 3 седмици, важно е само да го чувате во фрижидер.

Претходна статијаДВОБОЈНИ ПРИНЦЕС КРОФНИ: Вистинско задоволство за очи и душа, готови за кратко време
Следна статијаВО КОИ СЛУЧАИ ПОМАГА ЗОВРИЕНАТА ВОДА, а се подготвува само на еден начин