Рецепт на Хајрија Нуркич. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г смрекинки (бобинки од смрека), 300 г квалитетен мед, 250 г млада кравја маст или несолен, свеж путер и 1 шишенце прополис (25 мл).




ПОСТАПКА: Смрекинките фино сомелете ги во блендер или машина, потоа додајте го медот, путерот и прополисот. Сите состојки добро измешајте ги додека да добиете изедначена, компактна смеса. УПОТРЕБА: по една лажичка наутро, пред јадење.




Исто така, како одличен природен лек за бели дробови помага и следниот рецепт на Даријевиќ Весна: се мешаат еднакви количини на гускина маст и мед, по половина килограм од секоја состојка. Се меша додека да се изедначи, а потоа се чува во фрижидер. Секое утро се зема по една супена лажица.




РЕЦЕПТ на Андриќ Зорица: „Сакам да го споделам своето искуство…имам коpoна и баш ме залегна. Потоа слушнав дека треба да сварам 200 г малини со 200 мл вода, само малку колку да зоврие еден „клуч“.




Потоа се става во шолја, се чека малку да подизлади, па се додава лажичка мед и што потопло да се испие, т.е да се изеде. Одлична работа, верувајте ми дека ме подигна на нозе, ми се врати силата.




Коментар на Роза Милјковиќ: „И јас јадев малини и тоа без варење, многу добро ми делуваа кога имав коpoна. Наместо малини, може и капини, уште подобар ефект, а може да се користат и смрзнати кога нема свежи.




Коментар на Наташа Ристовиќ: малината не мора да ја готвите. Оставете малку да се растопи ако е смрзната, помешајте ја со две лажици мед и јадете 2-3 пати на ден. Помага и за настинки, за грип, за бели дробови. Дава сила и поттикнува потење. Ова го користам повеќе од 10 години…




Коментар на Тања Пејиќ: јас ги миксав малините и за два дена станав од к ревет како да не сум била болна. Стварно одлично. Може да се додаде мед, но јас бидејќи немав вкус, малините ги пиев без ништо. Ставете во блендер 1-2 лажици малини, 200 мл вода и 1 лажица мед. Измиксајте и испијте…




Рецепт на Марина Чалушиќ: мене доктор ми препорача да јадам смеса од една супена лажица домашен путер помешан со лимонов сок. Многу ми помогна. Коментар н Рефија Сулејмановиќ: мене најмногу ми помогна магарешко млеко, кој може да најде, ова млеко е мевлем за белите дробови.




Рецепт на Милена Дрезгиќ: „Мене најмногу ми помогна чајот од ловоров лист и чајот од коприва. На 200 мл вода провривам 5-6 ловорови листови околу 5-10 минути, поклопувам. После 20 минути процедувам и додавам мед. Чај од коприва: 1 супена лажица се прелива со 250 мл врела вода, после 15-тина минути се процедува.