Како природен лек, морковот е корисен во лекувањето на разни здравствени проблеми и болести. Морковот е вид на зеленчук кој е достапен во секој период од годината. Покрај тоа има многу лековити својства, подеднакво и во свежа и во готвена форма.

Морковот е добар за здравјето бидејќи содржи влакна и витамин А. Овие нутриенти можат да го намалат холестеролот и да го зачуваат здравјето на телото, покрај тоа што се одлични во боpбата против тврда столица.

Светлата боја, слаткоста и јасната текстура се само дополнителен бонус и причината зошто треба да ги воведете во вашата исхрана – ако веќе не сте го направиле тоа. Ретинолот е главниот извор на разградливи влакна во морковот. Овие влакна можат да го намалат шеќерот во кpвта и да ги потнахранат добрите бактерии.

Морковот исто така, содржи неразградливи влакна, кои можат да го намалат ризикот од запек и да ја подобрат работата на дигестивниот тракт. Морковот е богат со бета каротен, кој телото го конвертира во витамин А. Покрај тоа биотинот кој го содржи морковот игра важна улога во метаболизмот на протеините и мастите.

Во продолжение може да прочитате два рецепта за подготовка на сируп од морков. Овие сирупи покрај тоа што помагаат во зајакнување на имунитет, во комбинација со мед, ја лекуваат хроничната кашлица и ја извлекуваат слузта од белите дробови.

Колку и да изгледа чудно оваа примена на морковот, треба да знаете дека овој сируп содржи моќни нутритивни компоненти кои ја лекуваат секоја инфекција во телото. Сирупот е густ, и доволно е да го конcyмирате 3-4 пати на ден по 1 лажичка за да ја излечите кашлицата.

Како да го подготвите првиот рецепт: Потребни ви се 2,5 мл свеж сок од морков подготвен во соковник, 2 лажици мед и малку вода. Накратко варете го сокот со водата, мешајќи постојано, а потоа додајте го медот.

Инструкции за подготовка на вториот рецепт: Подгответе 1/2 кг моркови и 4 лажици мед. Излупете ги морковите, измијте ги добро и исечкајте ги на тркалца. Ставете ги во сад, истурете 2 литри ладна вода и сварете ги на овој начин.

Кога морковите ќе омекнат, процедете ги од водата во која сте ги готвеле и изблендирајте ги, но зачувајте ја водата настрана. Оставете да се излади водата во која морковот се готвел, а во меѓувреме изблендирајте ги омекнатите моркови во блендер.

Потоа вратете ги во тенџерето со вода, додајте го медот и се заедно промешајте. Складирајте го сирупот во чиста тегла и оставете целосно да излади, па префрлете го во фрижидер. По желба, додајте сок од 1-2 лимони и малку изрендана кора од лимон за поголемо дејство на сирупот.

Како да го користите овој рецепт: Морковиот сируп е традиционален природен лек за кашлица. Се препорачува да се конcyмираат овие две варијанти за сируп во количина од 3 до 4 лажички дневно.