Природен лек за артритис и воспалени зглобови : по 10 зрнца дневно

Артритисот е воспалително заболување кое најчесто ги зафаќа зглобовите, односно се смета за воспаление на зглобовите. Со текот на годините голема е веројатноста секој од нас да заболи од оваа состојба во помала или поголема мера.

Доаѓа до отежнато движење и болки особено на зглобовите од прстите на рацете, нозете, вратот, колената и грбот.

Познат е еден многу стар и ефикасен природен лек, па затоа и често употребуван кај народот, особено поради неговата едноставност и лесната достапност.

Дури и познатиот Д-р Оз во своето медицинско шоу во програмот го претстави овој природен лек.

Потребни состојки:

500 г суво грозје

1 литар џин (алкохолен напиток кој се приготвува од смрекинки).

Всушност една од тајните на овој лек е содржината на џинот: мора да набавите Dry Ginод било кој произведувач, кој се приготвува од бобинки на смрека. На етикетата лесно ќе проверите. Важно е џинот да не биде вештачки.

Постапка:

Направете голема стаклена тегла, наполнете ја со суво грозје и прелијте со џин. Оставете да отстои 10 дена. Потоа можете да започнете со консумација.

Употреба:

По 10 зрна суво грозје, наутро или навечер.

Постапката продолжете ја додека да ја потрошите комплетната количина. Половина килограм суво грозје е доволно за еден месец користење.

Бидејќи читателите често не прашуваат дали во рецептите со алкохол може да го заменат со оцет, тоа во овој случај не е можно. Во некои рецепти може да се замени, но тука токму џинот е потребен.

Во џинот се крие тајната на рецептот, бидејќи сувото грозје се натопува и набубрува, па впива доста од овој напиток.

Покрај тоа, оваа комбинација содржи многу голема количина на антиоксиданти, Б витамини, минерали, железо, калиум и калциум.

Количината и односот меѓу состојките не се фиксни, односно лекот можее можете да го направите според количините што ги имате. Важно е сувото грозјте да биде прелиено со џин и да отстојат десет дена.

Лекот е потребно да го користите секојдневно додека да се излекувате.

Loading...