-Совет од д-р Олег Мазур, основач на Центарот за природна медицина во Санкт Петерсбург.

Д-р Олег Мазур советува со помош на мешавина од мед, куркума и коприва да го зајакнете имунитетот.

Копривата е непроценлива во третирањето на различни здравствени состојби. Таа делува противвоспалително и антиалергиски, ги отвора затнатите бронхии и носните шуплини, олеснувајќи ги симптомите на алергија и поленска грозница.

Листовите се богати со хлорофил, витамини и минерали, особено со железо. Куркумата содржи полифенол куркумин, активна материја добро позната по своите антиоксидативни и антиканцерогени својства. Куркумата го намалува нивото на холестеролот. Медот го јакне имунитетот.

Оваа смеса може слободно да им се дава и на деца постари од три години. Домашниот лек на база на мед, коприва и куркума, покрај тоа што го јакне имунитетот, ги елиминира и алергиските симптоми, ги ублажува болките предизвикани од артритис, го елиминира спутумот од бронхиите.

ЕЛИКСИР ОД КОПРИВА, МЕД И КУРКУМА ЗА АНЕМИЈА

Еликсирот приготвен од коприва, мед и куркума ќе му овозможи на вашиот организам да прими доволно минерали и витамини кои се особено корисни за лицата со анемија. Не само што ќе ја подобри крвната слика, туку и воопшто ќе го зајакне целиот имунолошкиот систем.

Потребни состојки:

3 шолји свежо исцеден сок од коприва, 3 лажици куркума во прав, 3 шолји сиров органски мед

Постапка:

Копривата берете ја со ракавици од чисто еколошко место. Се берат младите врвови со 3-4 листови. Измијте ја добро набраната коприва, па оставете ја на крпа да се исуши. Потоа исцедете ја во соковник. Независно од количината на копривата што сте ја набрале, се користат следниве пропорции:

На една шолја сок од коприва се додаваат 3 шолји мед (1:3), а на оваа смеса се додаваат и 3 лажици куркума во прав.

Добиената смеса се чува добро затворена во стаклен сад, во фрижидер или ладно, темно и суво место.

Употреба: 1 супена лажица разматено во чаша топла вода. Се пие двапати дневно пред оброк.