Направете го овој едноставен пијалак за чистење на телото од маснотии. Особено добро ќе ви дојде по јадење на обилни оброци и за време на диета. Потребни ви се само 2 состојки кои ги имате со сигурност во фрижидерот.

Целерот содржи есенцијални масла кои имаат антибактериско и антивоспалително дејство. Целерот помага за одржување на здравјето на уринарниот систем, а има и многу лековити придобивки за вашето тело.

Поради ниската калорична содржина и благото диуретично дејство, целерот е одличен лек помеѓу оброците што помага при слабеење. Го снабдува организмот со важни хранливи состојки кои го регулираат метаболизмот на мастите.

Голем дел од растителни влакна помагаат во регулирање на кр-вниот притисок и намалување на шеќерот во кр-вта, со што целерот ја намалува потребата од прејадување. Големата содржина на вода во целерот помага да се чувствувате подобро.

Лимонот е една од најкорисните намирници на нашата планета. Лимонот штити од толку многу болести што со право можеме да го наречеме суперхрана. Лимонот изобилува со хранливи материи. Содржи биофлавоноиди, пектин, фолна киселина, витамини Ц, А, Б1, Б6, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, манган.

Поволно делува на црниот дроб, цревата, желудникот, имунитет, нервниот и кардиоваскуларниот систем. Доколку консумирате редовно лимон, можете да спречите болести како што се ларингитис, бронхитис, грип, настинка, артритис, висок кр-вен притисок, бактериски инфекции, бубрези и жолчни камења, а според најновите истражувања, лимонот служи за превенција од рак.

Доволно е да го консумирате овој напиток еднаш во денот за да го исчистите телото од токсини и маснотии. Се подготвува многу брзо и лесно, а од резултатите ќе останете воодушевени.

Потребни состојки: 400 г целер, 1 кг лимон, 2 литра вода.

Постапка: Изрендајте 400 г корен од целер во сад. Додајте го во 2 литри вода и во него изрендајте малку кора од лимон, доколку кората е органска. Ако кората не е органска, чувајте ја во мешавина од вода и сода бикарбона половина час пред да ја искористите во напитокот.

Гответе 20 минути во 2 литра вода, а потоа оставете да се олади 5 – 6 часа на собна температура. Исцедете 1 кг сок од лимон лимон и додајте го во водата со рендан целер. Процедете ја течноста и претурете ја во стаклено шише.

Консумирајте го овој пијалок трипати на ден половина час пред оброк. Пијте околу 100 мл (вкупно во денот 300 мл). Пијалакот може да го разредите со вода, доколку ви е повкусно на тој начин. Напитокот се чува во фрижидер.

Прочитајте ја и следната статија: Смеса од 2 состојки која ги измива маснотиите од кр-вните садови, прочуениот чистач на кр-вт

Поради брзиот начин на живот, лошата исхрана и недостиг на физичка активност, маснотиите се болест на денешницата. Некогаш при зголемените масти можеа да се забележат мали жолти масни ткива во облик на јазли и точки на горните очни капаци или на други делови од телото. За жал, на почетокот од ова заболување нема други симптоми.

Болеста брзо прогредира и така доаѓа и до задебелување на ѕидовите од кр-вните садови, артериосклероза, што пак придонесува заедно со другите ризик фактори (пушење, ал-ко-хо-лизам, никотин) до појава на цереброваскуларни заболувања, водечка причина за с мрт како во светот, така и кај нас.

Единствен начин за дијагностицирање на заболувањето е преку лабораториски испитувања. Доколку имате наоди кои укажуваат на ова заболување, тогаш обидете се да се излекувате со овој природен лек кој на многумина им има помогнато.

Потребни состојки: 3 суви смокви, 200 мл домашна јаболкова киселина.

Постапка: Лекот секогаш се приготвува навечер, за да можете да го испиете наутро. Земете три суви смокви и добро избоцкајте ги со чепкалка за заби од сите страни, а потоа ставете ги во стаклена тегла. Прелијте ги со 200 мл јаболкова киселина.

Ако сте ги закиселиле во 20 часот навечер, изедете ги наутро во 8 часот. Остатокот од оцетот на го фрлајте, туку во истата киселина повторно ставете три избоцкани суви смокви.

Истиот оцет користете го 7 дена, а поголемиот дел ќе биде впиен од смоквите кои се киселат во текот на 12 часа. Осмиот ден употребете нови 200 мл јаболкова киселина и постапката повторете ја уште една седмица.

Третманот трае 14 дена. Покрај овој рецепт, придржувајте се и на здрав начин на исхрана и зголемете ја физичката активност. Откако ќе заврши терапијата од половина месец, направете повторно нови анализи и уверете се во ефикасноста на овој природен лек.

Покрај претходно наведените терапии, чајот од хибискус е најлековитата докажана билка која ги намалува мастите во организмот. Хибискусот потекнува од Северна Америка и југоисточна Азија, но денес се одгледува во повеќето земји со тропска и субтропска клима, а во вкусовите на чајот уживаат луѓето од сите делови на светот.

Има богат антиоксидативен состав

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Чајот од хибискус е богат извор на полифенолни антиоксидативни. Покрај тоа, хибискусот има навистина уникатен, пикантно-киселкаст и сладок вкус во исто време, а нема калориска вредност. Некои истражувања покажуваат дека антиоксидантите на хибискусот можат да ги намалат штетните ефекти од слободните радикали за дури 90%.

Чајот од хибискус може да помогне во намалувањето на кр-вниот притисок

Еден од најпознатите и најимпресивните бенефити на чајот од хибискус е токму намалувањето на кр-вниот притисок. Со текот на времето, високиот кр-вен притисок може да води и кон посериозни срцеви проблеми, вклучително да го зголеми и ризикот од срцев у дар.

Во една студија, волонтерите пиеле чај од хибискус и плацебо пијалак. Оние кои го пиеле чајот, имале значително намалени вредности за кр-вниот притисок, во однос на контролната плацебо група.

Намален холестерол и триглицериди (маснотии)

Покрај можноста за намалување на кр-вниот притисок и холестеролот во кр-вта, чајот од хибискус во одредени студии покажал и способност да ги намали и маснотиите во кр-вта.

Потенцијално антиканцерогено дејство

Како што споменавме, чајот од хибискус е богат со полифенолни антиоксиданти. Постојат низа студии за овие компоненти кои утврдуваат некаков нивен антиканцероген ефект. Одредени лабораториските студии велат дека екстрактот од хибискус може да го попречи, но и намали растот на малигните клетки во усната празнина, желудникот и простатата.

Антибактериско дејство

Дополнително на антиоксидативниот и антиканцероген ефект, одредени лабораториски студии утврдуваат и антибактериски ефект на хибискусот. Екстрактот од хибискус ја спречува активноста на патогената бактерија Ешерихија Коли, бактерија која може да доведе до појава на гасови, грчеви и дијареа.

Чајот од хибискус е добро да се пие во лето и зима

Верувале или не, жешкиот чај во текот на летните горештини може да ни помогне да се оладиме. Ваквото тврдење во повеќе земји и не е толку изненадувачко. Имено, во Мароко, летните температури многу често го надминуваат 45 степен, но сепак луѓето не ја исклучуваат навиката за пиење топол чај и за јадење топли чорби.

Истражувачите сметаат дека како причина за ова може да се смета дополнителното стимулирање кое го прави топлиот пијалак на термо-сензорниот систем на организмот. Тоа понатаму предизвикува поинтензивно потење, а преку него и губење на топлината, односно ладење. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска