Оваа популарна диета во светот полека стигна и кај нас и веќе ги имаме и првите реакции на оние кои ја испробаа. нејзиното основно правило е за појадок да јадете банана со чаша или две топла/млака вода. Останатите оброци треба да бидат лесни, помали и почести.

Особено некои строги правила за остатокот од исхранат не постојат, освен што треба да ја пиете „јапонската вода“. Дозволено е повремено да пиете кафе или незсладен чај, но се препорачува да не се претеруваат. Она што мора да го исфрлите се ал-ко-хо-лот и благото.

Ако не можете да им одолеете на колачите и тортите, тогаш изедете малку црно чоколадо со поголем процент на какао, најдоцна до 15 часот. Ако сакате солени закуски и грицки, тогаш најдобро е да сами да си приготвите пуканки со минимално масло и сол.

Последниот оброк треба да биде во 18 часот или најдоцна до 20 часот, а веднаш по будењето да испиете две чаши млака вода.

Јапонска вода за слабеење: рецепт и искуства од луѓе што ја пиеле. Под рецептот можете да ги прочитате искуствата.

Потребни состојки: 1,5 литри вода, 5-6 см корен од ѓумбир исечкан и 1/2 лимон исечкан

Постапка: ставете ја водата на оган да зоврие, а во меѓувреме измијте го ѓумбирот и излупете го со грепкање со помош на лажичка. Исечкајте го на тркалца и ставете го во зовриената вода. Намалете го огнот на тивко и варете додека ѓумбирот да омекне.

Исклучете го огнот и додека водата е топла ставете половина лимон исечкан на тркалца. По 2 минути процедете или соберете го ѓумбирот и лимонот со решеткаста лажица, а ѓумбировата вода складирајте ја во термос.

Пијте преку целиот ден топла ѓумбирова вода. Можете да додадете малку мед, но сосем малку. Треба да се пие долго време, неколку месеци за одлични резултати. Побаравме искуства од луѓе што ја пиеле ѓумбировата вода, па еве што велат тие:

С.П.: Ова е вистина, јас ослабев 7 кг за еден месец.

Т.С. : За да ослабам морав да одлучам – или ѓумбирова вода или да се омажам за погрешен човек 🙂 Одбрав да ја пијам оваа вода и не само што сум послаба, туку и посреќна!

Т.Л. : Ја пијам ѓумбировата вода секој втор ден зошто ми ја контролира гладта, помалку јадам, а секој втор ден – кога не пијам ѓумбирова вода, јадам лук и мед на гладно, наутро, па така тоа ми го одржува имунитетот. Не сум настинала дооолго време.

А.Т. : Јас секој ден го пијам овој напиток: во топла вода цедам сок од ѓумбир и сок од лимон, додавам листови од мента и малку мед. Презадоволна сум и не пропуштам ниеден ден. Тоа ми е секојдневна навика што прави да се чувствувам супер.

М.П.: Не ми е јасно зошто лимонот го ставаат во топла вода, па нели така се уништува витаминот Ц, ама очигледно делува, има тука нешто тајно во овој јапонски метод.

Л.Л. : Јас почнав да го пијам овој пијалак ама додавам и лукче. За 3 седмици ослабев 5 кг без гладување. Кога станувам од спиење пијам една чаша и пред спиење уште една. Тоа е сè.

Л.Џ.: Го пијам веќе некое време и можам да ви кажам дека панталоните ми станаа големи 🙂 И не само што ослабев, туку немам веќе ниту болки во зглобовите.

Нена Лекич: “Морам да ја искоментирам оваа “диета”. Напитокот служи за детоксикација. Оригинален рецепт: Во 2 литри вода ставете еден помал лимон со кора пресечен на 4 дела (претходно лимонот се мие), додадете 1 краставица излупена и исечена на крупни парчиња, помало парче корен од ѓумбир.

Оставете да отстои преку цела ноќ. Наутро испијте 150 мл од приготвената вода. Во текот на денот распоредете ја количината вода до 1,5 литар. На секоја одлиена чаша вода, долијте нова количина вода. Секоја втора вечер правете напиток од свежи состојки.

Задолжително се прави пауза од две седмици. Максимално користење на диетата е два месеци. Во текот на користењето, намалете го внесот на шеќери (не целосно!) и внесот на леб (намалете ја количината и по можност користете препечен леб). Предупредување: Ниедна диета не ја започнувајте без претходно светување со лекар!

Ѓумбирова вода како турбо забрзувач на слабеењето – како да подготвите ѓумбирова вода. 

Иако можеби сте слушнале и прочитале за бројни ефикасни рецепти за слабеење, ова е веројатно најдоброто о-руж-је со кое најбрзо и најефикасно ќе се ослободите од вишокот килограми. Освен што ги согорува вишокот масти особено на стомакот, колковите и бутовите, ѓумбировата вода може да го подобри вашето здравје на неколку различни нивоа.

КАКО СЕ ПРАВИ ЃУМБИРОВА ВОДА

​Ставете на висока температура околу 1-1,5 литар вода да зоврие. Потоа ставете исечкан ѓумбиров корен, намалете ја температурата на умерено, да се вари 15 минути. Потоа тргнете од оган, оставете да излади, па процедете.

Ѓумбировата вода се пие во текот на денот, секој ден. Пијте најмалку 1 литар на ден. Чувајте го пијалакот во термос, па носете го насекаде каде и да одите. За оптимални резултати, вашата ѓумбирова вода мора секогаш да биде свежа.

Третманот со ѓумбирова вода трае најмалку шест месеци за целосно да се прочисти телото од токсини. Здравствени придобивки од ѓумбирова вода:

I Ѓумбировата вода може да го регулира нивото на холестерол

Едно од лековитите својства на ѓумбирот вклучува силен ефект врз високите нивоа на холестерол, што може да доведе до болести поврзани со дебелината, како што се срцеви заболувања и некои видови на рак. Освен што го намалува холестеролот, овој напиток може да го регулира кр-вниот притисок.

II Ѓумбировата вода има силни анти-воспалителни ефекти

Друга важна здравствена корист од ѓумбировата вода е тоа што може значително да го намали воспалението, проследено со оток и болка, особено како што се остеоартритис и реума. Според една статија објавена во Јournal of Medicinal Food, овој неверојатен корен содржи моќни анти-воспалителни својства.

III Ѓумбировата вода е моќен антиоксиданс

Ѓумбирот е богат извор на антиоксиданси. Овие моќни состојки се исклучително корисни за борба против слободните радикали, кои се нестабилни молекули и кои можат сериозно да ги оштетат здравите клетки и да доведат до сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи го и ракот.

IV ѓумбировата вода може да заштити од рак

Ѓумбировата вода може да биде исклучително ефикасна во спречување и инхибиција на развојот на ракот. Според една статија објавена во British Journal of Nutrition, ѓумбирот содржи моќни анти-воспалителни и антиоксидантни својства кои можат да го забават, дури и да го спречат ширењето на одредени видови на рак.