Голем број парови кои се долго време во врска, не користат кондом како контрацепција, па внимаваат во текот на односот и покрај тоа што девојките пијат пилули – но, само под услов тие да не се алергични на сперма.

Жените кои имаат алергија на сперма, секојпат кога спермата ќе се најде во матката зажалуваат што воопшто имале секс. Покрај реакцијата, имаат воспаление на вагината кое е болно. Поради тоа, за нив е многу опасно ако нивниот партнер доживее оргазам без кондом.

До реакција доаѓа поради протеинот кој се наоѓа во спермата. Лекарите истакнуваат дека никој не знае зошто ова се случува, но тоа е исто како што е алергија на полен или на одредена храна, па телото така реагира и ја препознава спермата како некое страно тело кое не го трпи.

Можно е да бидете алергични на сперма на еден маж, но не и на друг, во зависност од неговата сперма.

За жал, алергијата на сперма не зависи од тоа што мажот јаде или од неговиот начин на живеење, туку од протеинот кој се наоѓа во неговата сперма. Тоа значи дека мажот не може ништо да направи за да го промени тоа. Ананасот може да влијае на тоа спермата да има поубав вкус, но не и да биде помал предизвикувач на алергија.

Симптомите на алергија на сперма се различни и главно се локални. Се јавува црвенило, оток, пецкање, јадеж и тоа само во рок од неколку минути до еден час после сексот. Симптомите може да траат и неколку часа до неколку денови.

Симптомите како што се: вртоглавица, грозница и шок се многу ретки, но можат да бидат сериозни. За да бидете сигурни дека имате алергија треба да направите тест на лекар. Во случај кога жените имаат сериозни алергии, тоа не е наивна работа бидејќи и само една капка сперма може да предизвика реакција. Некои од нив имаат реакција дури и во текот на орален секс.

Ова може да биде голем проблем во случај доколку се обидувате да останете бремени. Во тој случај вашата матка ја гледа спермата како страно тело кое треба да се отстрани, па таа се бори против неа и ја уништува. Во овие случаи од помош може да ви биде само одење на клиника за репродуктивно здравје.