Home погача Пријателите ми носат брашно за да им го подготвам овој рецепт…НОВОГОДИШНА ПОГАЧА...

Пријателите ми носат брашно за да им го подготвам овој рецепт…НОВОГОДИШНА ПОГАЧА со суво овошје…

Пријателите ми носат брашно за да им го подготвам овој рецепт…НОВОГОДИШНА ПОГАЧА со суво овошје…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто (2 кори):
2 јајца
50 г шеќер
400 мл топло млеко
10 г сув квасец
100 мл масло
800 г г брашно
15 мл масло

За премачкување:
200 г путер на собна Т
За посипување врз путерот:
40 г шеќер
20 г рендана кора од портокал
150 г суво грозје
100 г сечкани ореви
150 г брусница или по избор

И уште:
30 мл растопен путер за премачкување на калапот
шеќер во прав за посипување одозгора

ПОСТАПКА:

Изматете ги јајцата со шеќерот и соединете ги со тплото млеко и маслото, па додајте го квасецот и 400 г брашно. Изедначете да нема грутчиња, па постепено додајте ги следните 400 г брашно. Месењето завршете го со 15 мл масло.

Добро измесете го да се измазни и да не се лепи, па оставете го да ферментира покриено додека да го удвои волуменот, 1 час.

Поделете го на две топки и секоја развлечете ја во голем правоаголник. Преку целата површина премачкјате мек путер и посипете шеќер, рендана кора од портокал, ореви и суво овошје. Свиткајте во ролат.

Постапката повторете ја и со другото тесто. Првиот ролат поставете го на крајот од втората кора, па заедно свиткајте ги во голем ролат. Пресечете го на половина надолжно и свиткајте го во полжав (пресечената страна да биде надворешна).

Погачата ставете ја во калап намастен со путер и оставете да ферментира 1 час. Потоа печете 45 минути во загреана рерна на 180 степени. Постапката погледнете ја ОВДЕ: