Превкусни ролнички со сирење…Меки, вкусни и излегуваат многу…Само кинете од тестото, полнете и виткајте…за час се готови…Преубави печива погачица – кифли со сирење.

Фини, меки, вкусни и излегуваат доста. Според изгледот потсетуваат на мали лепчиња. Од оваа количина брашно излегуваат баш доста погачици. Ги полниме со сирење или со фил по вкус.

Потребни состојки:

800 г брашно тип 400
1 сув квасец (7 г)
2 јајца на собна температура
300 мл топло млеко
180 мл масло
2 лажици шеќер
1 лажичка сол
сирење за фил
2 жолчки и малку млеко за премачкување

Постапка:

Во поголем сад ставете 7 г сув или 20 г свеж квасец, 2 лажици шеќер и 300 мл топло млеко. Промешајте, поклопете и оставете го квасецот да се активира. Потоа додајте две јајца, една лажичка сол и 180 мл масло.

Промешајте да се изедначи, па постепено додавајте го брашното и матете со жица матење. Потоа продолжете да месите со рака додека да добиете средно меко тесто кое не се лепи.

Тестото покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да ферментира и да го удвои волуменот.

Потоа истресете го на набрашнета работна површина, и од него (без премесување) вадете топчиња и со оклагија развлечете ги во правоаголна форма. Ставете фил и спојте ги краевите како затворен чамец -ролничка.

Разматете две жолчки со виљушка, па додајте им малку млеко. Премачкајте ги одозгора и по желба посипете ги со сусам. За поубав изглед засечете ги со неколку коси линии. Печете ги во загреана рерна на 190 степени околу 15-20 минути.

Деталите околу постапката можете да ја погледнете во видеото: