Вкусни и меки како памук! мора да ги пробате!
Потребни состојки: 1 кг брашно +-, 1,5 коцка свеж квасец, 2,5 лажички сол, 1 лажичка шеќер, 200 мл топла вода, 200 мл топло млеко, 250 мл масло, 2 јајца, 1 јајце + малку масло за премачкување. *Ако ставате фил тогаш намалете ја количината на сол на 2 лажички или 1,5. Малку путер или маргарин за премачкување на кифлите пред крајот
Постапка: во еден сад ставете млеко и вода, па растворете го квасецот. Додајте сол, шеќер, масло и јајца, промашјте и со постепено додавање на брашното замесете тесто. Добиеното тесто треба да биде умаво и мазно кое не лепи на раце. Оставете го на топло да се удвои. Јас го ставам во рерна на 50 степени за побрзо да стаса.
Потоа тестото се размесува и се дели на помали топчиња со величина на поголем орев. По желба може да правите и поголеми.
Секое топче се развлекува и се засекува на 5-6 ленти, но не до крај (погледни фото).
Лесно и без многу притискање се завиткајте ја кифлата, започнувајќи од несечениот крај (каде се става фил доколку ставате), па добивате облик на гасеница.
Ова се повторува со сите топчиња. Кифлите се редат во плех обложен со хартија за печење. Се оставаат да киснат за се удвојат, па потоа се премачкуваат со изматено јајце со малку масло.
Се печат во загреана рерна на 200 степени додека да добијат убава боја, околу 30-40 минути.
Пред самиот крај се премачкуваат со путер или маргарин, па се враќаат во рерна уште 4-5 минути.