Постои чудотворен извор во Крушевац кој извира од манастирот, а од кој слепите прогледуваат, а неподвижните проодуваат. За чудесните исцелувања на изворската вода од ова место сведочат бројни луѓе.




Манастирот Џунис е женски манастир во нишката епархија. Се наоѓа во истоименото село Џунис, на подрачје од градот Крушевац. Легендата која потекнува од 1898 година, вели дека Богородица се прикажала на 13 годишно девојче, пред кое тогаш се отворил изворот.




И рекла дека на ова место треба да се подигне црква, а за да го означи точното место таа фрлила сад со вода врз каменот. Според сведоштвата, каменот со текот на времето започнал да расте, кој сега се наоѓа во малата црква. Мајката Божја го благословила манастирот и прорекла дека ќе лекува болни.




Во продолжение прочитајте го необичното сведоштво за чудесното излекување во овој манастир.

„Имав неподносливи б олки во ‘рбетот кои се протегаа до ногата. Оттогаш се поминати 15 години и можеби со моето сведоштво некому ќе помогнам” – вели Луна, која сега живее во Лондон.




Оваа Србинка поголемиот дел од својот живот го поминала во Крушевац и раскажува за чудото кое и‘ се случило.

„Пред 15-тина години започна да ме б оли ‘рбетот во долниот дел од грбот, но јас на почетокот не обраќав многу внимание. Меѓутоа б олката започна да се симнува низ десната нога и стануваше продорна и непод-нослива. Спасот го побарав во некои лекови, пробував сè што ќе слушнев, но ништо не ми помагаше.




Еден ден отидов кај мојот лекар и му ја кажав својата мака, а тој ми рече дека најверојатно станува збор за приклештен нерв и дека ќе ме б оли додека самиот да помине. Ми препорача да продолжам да пијам лекови против б олки.




Меѓутоа б олките не ми поминуваа, па заминав по вторпат кај лекарот. Овојпат тој ми препиша електротерапија во траење од еден месец. Кога ниту ова не ми помина, заминав по третпат, но овојпат тој ми даде упат за магнетна резонанца.




По направената снимка ми беше утврдено дискус хернија и приклештен нерв, па ми закажаа опера-ција. Бев предупредена дека постои ризик од опера-цијата и дека постои можност да останам доживотен инвалид. Имав чувство дека не треба да одам на опера-ција и затоа се јавив во манастирот Џунис и прашав дали може да преспијам во манастирот.




Се сеќавам дека беше многу ладно кога пристигнав на вечерната служба во малата црква на Пресвета Богородица. За мене имаа поставено столче, затоа што знаеја дека сум во б олки, но додека траеше молитвата, јас постојано станував и седнував, не можев да најдам положба во која ќе ми се смират б олките. Кога заврши службата, вечеравме, па бев сместена во собата. Не се ни сеќавам како и кога сум заспала.




Следниот ден рано во 5 часот наутро ме разбуди црковното ѕвоно и се симнав на утринската служба, а некаде на пладне ми дојде превозот и јас се вратив дома кај моето семејство. Се зафатив со домашните обврски и воопшто не забележав дека б олките во ногата попуштиле.




Некаде после ручекот одеднаш се сетив дека воопшто не ме б оли ногата. Не можев да верувам дека стапалото првпат можам да го подигнам и дека немам б олки. Мајко Богородице ти благодарам! Јас сум убедена дека мојата вера и моето преспивање во манастирот ми помогна и ме излекува.

Оттогаш до денешен ден мене не ме заболела ниту ногата ниту грбот. Кој сака нека верува, кој не сака нека не верува, но јас сум убедена дека мене ми се случи чудо!” – завршува Луна. Целата исповед можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.