Препознајте ги знаците: На какво заболување укажува “Црната столица”

Причините за појава на чир на желудникот се различни, но најчеста е инфекцијата со Helicobacter Pylori (H. Pylori). Покрај тоа, може да се јави и оштетување настанато од дејството на разни лекови.

Чирот е всушност отворена рана која се наоѓа на слузницата на желудникот, а поради киселините кои се наоѓаат таму и ја иритираат оваа рана, може да направи доста проблеми.

Симптоми

Најчестиот симптом на чир на желудник е болка во стомакот, која обично се јавува под градната коска. Чирот може да предизвика силни болки за време на варењето на храната и проблеми со гасови, а обично се јавува и икање после секој оброк. Чирот вообичаено предизвикува чувство на тежина во стомакот, слично на она кога ќе испиете премногу течности. Голем број на пациенти симптомите на чир ги смета за симптоми на грип, како што се замор, малаксаност и мачнина. Кога се работи за чир, столицата може да биде потемна, црна и помека, со траги од крв.

Причина

Заболувањето најчесто го предизвикува бактеријата Helicobacter pylori. Оваа бактерија е причина за речиси сите пептички улкуси. Меѓутоа, ако сте инфицирани со H. pylori, не значи и дека сигурно ќе имате односно чир на желудник.

Пептичкиот улкус се лекува со препарати кои ги уништуваат патогените, ја намалуваат киселоста на желудникот и ја обложуваат слузницата на желудникот со заштитен слој. Helicobacter pylori се уништува со антибиотици, но со оглед на киселата средина во која живее бактеријата треба да се влијае и на намалување на излачување на киселината.

Лекување

Со правилно лекување на чирот се намалува веројатноста за повторно појавување на болеста во речиси 90 % од случаите. Важно е пациентот да се придржува до инструкциите на лекарите и да биде упорен во спроведување на третманот.

Треба да се избегнува пушењето и пиењето жестоки алкохолни пијалаци, како и концентрирани шеќери, бидејќи сето тоа доведува до зголемено лачење на желудочна киселина.

Миењето раце по вршење нужда и пред јадење е задолжително. Се препорачува да се јаде разновидна храна во умерени количини, да се избегнуваат преголеми оброци и пиење на поголеми количини на течности. Јадењата не смеат да бидат премногу жешки, премногу студени, премногу кисели и преслатки, а треба да се јадат три до пет оброци на ден. Храната треба да се јаде полека и добро да се изџвака, да се избегнуваат стресни ситуации и да се биде физички активен.

Loading...