Предлог за вкусна вечера на брзинка

Потребни состојки:

500 г шампињони

400 г шунка

3 парчиња леб

1 главица кромид

200 г кашкавал

Магдонос, сув мешан зеленчуков зачин, црн пипер

3 јајца

Јајца и слатка павлака за прелевање

Кори за пита

Постапка:

Печурките издинстајте ги со кромид, шунка исечена на ленти или коцки. Оставете водата што ќе ја испуштат печурките да испари, па потоа изладете, изрендајте кашкавал, ставете три јајца, натопени три парчиња леб (само средината), магдонос и зачини по желба. Се’ измешајте. Една кора премачкајте со масло, ставете втор лист па нанесете од филот. Свиткајте во ролат, па премачкајте со јајце и павлака.

Печете во рерна додека да добијат убава румена боја

Loading...