На пазарот постојат голем број препарати кои ветуваат мека и сјајна коса, но се случува од чести експериментирања во потрагата по идеалното – дополнително да се оштети косата.

Меѓутоа, овој природен третман за коса, не само што е испробан, туку и направи БУМ меѓу женската, но и меѓу машката популација кога станува збор за нега на косата.

Витамински препарат за коса:

Исцедете лимон, цитрон или портокал.

Една банана измиксајте во блендер со 200 мл млеко и сето промешајте го.

Смесата рамномерно распоредете ја на свежо испрана коса и оставете така да делува најмалку половина час, завиткана во алуминиумска фолија.

Косата исперете ја со топла вода.

Оваа смеса ја храни косата и и’ дава дополнителна заштита и сјај.

Се забрзува растот, се елиминира првутот, а косата мириса прекрасно!