Home Рецепти Бегова чорба, нема кој не ја сака оваа пилешка чорба зошто нема...

Бегова чорба, нема кој не ја сака оваа пилешка чорба зошто нема повкусна од неа!

Многу вкусна и здрава пилешка чорба. Потребни состојки: 400 г кокошкино или пилешко месо, 200 г врзоп зеленчук за супа ( морков, магдонос, целер), 50 г путер, 50 г брашно, 20 г сува бамја, 1 жолчка, 50 г кајмак или милерам, ½ лимон, 1 ловоров лист, малку сол, црн пипер

Постапка: Пилешкото месо измијте го, ставете го во лонец, налијте вода, посолете и гответе заедно со исчистен морков, магдонос, целер и ловоров лист. Кога месото е варено, процедете ја супата, одвојте го месото од коските и исечкајте го на коцки.

Вака исечкајте го морковот, магдоносот и целерот. Во еден сад ставете путер, загрејте го, додадете брашно, пропржете, залијте со супата и гответе околу 15 минути. Додадете го месото и зеленчукот исечкани на коцки па заедно проварете ги.

Тргнете од оган и оставете на страна. Во меѓувреме сварете ја бамјата во вода со малку лимонов сок. Исцедете, измијте и додадете во чорбата, па заедно проварете. Разматете жолчка со кајмак или милерам, па додадете ја во чорбата со постојано мешање. Додадете и лимонов сок и малку путер, па зачинете со црн пипер.

Напомена: бамјата поради слузта се потопува во вода и се остава додека да набубри, а потоа се плакне во неколку води. Најдобро е пред употреба да се провари неколку минути во вода.