Home Рецепти Познатите колачи со кокос направете ги за 5 минути, без рерна, без...

Познатите колачи со кокос направете ги за 5 минути, без рерна, без јајца… се топат во уста!

Познатите колачи со кокос направете ги за 5 минути, без рерна, без јајца… се топат во уста! Направете ги познатите кремасти колачи од кокос за најкратко можно време и на наједноставен можен начин!

Колачите со кокос се десерти на кои речиси никој не може да им одолее а особено кога станува збор за комбинацијата од кокос и чоколадо. Порано бабите и мајките се натпреваруваа да ги подготват најубавите кокосови колачи и на тој начин да ја комплетираат трпезата за колачи при семејните веселби.

Но, денес повеќето домаќинки бараат полесно и подеднакво вкусно решение, бидејќи подготвувањето колачи може да биде комплицирано. Ви откриваме рецепт за кокосови кремасти колачи кои можат да ги приготват дури и почетници, а нивната кремаста текстура ќе ве освои со првиот залак. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г шеќер, 35 г пченкарен скроб, 75 г брашно, 15 г какао, 620 мл млеко, 30 г путер, 200 г кокос, 50 г чоколадо, 50 мл слатка павлака, кикирики или други јаткасти плодови по избор

ПОСТАПКА: Во сад сипете ги шеќерот, скробот, брашното и какаото и измешајте. Прво истурете малку млеко, соединете сè за да нема грутчиња, па истурете го остатокот од млекото. Повторно промешајте, па варете додека да се згусне со постојано мешање.

<

На крај додадете го путерот и мешајте додека да се растопи и инкорпорира во кремот. Добиената смеса истурете ја во 3 чаши од по 250 мл и покријте ги со стреч-проѕирна фолија. Ставете во фрижидер да се стегне.

Извадете ја смесата од чашата, а потоа поделете го секој на 2 дела и обликувајте ги во топчиња. Валајте ги во кокос и малку израмнете ги со раката. Потоа премачкјате ги со чоколадо што сте го стопиле со слатка павлака и декорирајте со сечкани кикирики/кокос/мелени ореви…

Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Четири кремасти и сочни колачи кои ќе ве пленат со вкусот, а за нивна подготовка нема да изгубите повеќе од 15 минути“-ОВДЕ.

Четири кремасти и сочни колачи кои ќе ве пленат со вкусот, а за нивна подготовка нема да изгубите повеќе од 15 минути