ПОЗНАТИОТ ЏЕМ ОД ДУЊА НА МАЈКА МИ… ВАКА ГО ПРАВАМ СЕКОЈА ГОДИНА…ДОСЛЕДНОСТ И ВКУС НЕВЕРОЈАТЕН!

Можеби повеќе личи на слатко и според начинот на подготовка и по изглед, но мајка ми го има запишано како „џем“, па така и јас ви го пренесувам. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ Се мери со чаша од 200 мл:

-6 чаши шеќер
-2 чаши вода вода
-3 големи дуњи (околу 1 кг)
-сок од 1/2 лимон
-1-2 цреши/вишни (може да додадете и 4-5 лажици сок од калинка за уште поубава црвена боја)
-1 чаша ореви (не мора, но поубаво е)
-1 кафена лажичка путер

ПОСТАПКА:

Излупете ги дуњите и исчистете ги, па исечкајте ги на мали парчиња со големина по желба. Налијте ги дуњите со врела вода за да останат меки, колку да бидат прекриени.

Врз нив ставете чинија за да ги одржива под нивото на водата и оставете ги да отстојат во топлата вода околу 10 минути.

ЗА СИРУП: На 6 чаши шеќер ставете 2 чаши вода и промешајте. Кога сирупот ќе почне да врие, се вари околу 10 минути на умерена температура. Дужите процедете ги од водата и директно сипете ги во сирупот.

Додајте и 1-2 вишни да му даде поубава боја. Додајте 1 лажичка путер за да не пени премногу и да не се прелие и излее од тенџерето.

Оставете да вари џемот на тивок оган околу 30 минути со повремено мешање или протресување на тенџерето. Извадете ја вишната од џемот, па сипете сок од половина лимон во џемот.

По желба се додава 1 чаша ореви, се меша и се вари уште 5 минути. Исто така, кој сака може да додаде и лист од слаткарче.

Откако џемот ќе зоврие вкупно 35 минути, земете малку од сирупот на тацна за да ја проверите неговата конзистентност (треба да биде како течен мед).

Исклучете го шпоретот и оставете го џемот да се излади со повремено мешање или ставете мокра и исцедена крпа одозгора. Кога џемот ќе се излади, наполнете го во тегли.

Може да го чувате џемот на ладно место подалеку од сончева светлина. Како што можете да видите, бојата и конзистентноста на џемот се многу убави. Џемот може да го чувате без да се расипе 1-2 години. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.