СИТЕ се воодушевени! НАЈВКУСНИ КОЛАЧИ СО ОРЕВИ! Едноставен рецепт за неколку минути…

Неверојатно вкусни колачиња. Колачињата со овој фил се многу оригинални, интересни. Сè се подготвува многу едноставно за неколку минути.

Вкусот на овој десерт ќе ве изненади и воодушеви вас и вашите најблиски. Дури толку многу е вкусен и едноставен, што можете да си приготвувате секој ден. Еве што ви е потребно за приближно 18 парчиња:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Тесто:
– 120 мл цврст јогурт без шеќер/или кисела павлака
– 1 јајце (мало или 1 жолчка)
– 100 г путер
– 260 г брашно
– 1 лажиче прашок за печиво
– прстофат сол

ФИЛ:
– 50 г суво грозје
– 50 г чоколадо
– 60 г шеќер
– 40 г ореви
– 15 г семе од афион
– 1 белка
Се пече во добро загреана рерна на 180°C ~15-20 минути. Времето за печење зависи од вашата рерна.

ПОСТАПКА:

Разредете го цврстиот јогурт со едно мало јајце, а ако тоа е поголемо, тогаш искористете ја само жолчката.

Во подлабок сад просејте го брашното, додајте сол, прашок за печиво и промешајте. Додајте омекнат путер на собна температура и со рака соединете го со брашното додека да добиете „трошки“.

Тука сипете ја смесата од јогурт и јајце, па прво промешајте со лажица, а потоа и со рака. Замесете додека да добиете фино компактно, средно тврдо тесто кое лесно се обликува. Ставете го во кеса и да одмори 20 минути во фрижидер.

Потоа тестото развлечете го во тенка, правоаголна кора со дебелина од 4 мм. Премачкајте ја со белка преку целата површина, па наросете шеќер.

Потоа распоредете крупно мелени ореви, мелено семе од афион (мак), рендано чоколадо и суво грозје (претходно можете да го дехидрирате во сок од протокал или рум).

Внимателно свиткајте го ролатот по должина и малку сплеснете го од горната страна. Потоа исечете го на парчиња со широчина од 3 см.

Одозгора премачкјате со жолчка и со чепкалка или виљушка направете шари (коси линии, по желба).

Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути.

Печените колачи оставете да се подизладат и по желба наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

Претходна статијаНајдобриот шербетен колач со ореви, без миксер!
Следна статијаПОЗНАТИОТ ЏЕМ ОД ДУЊА НА МАЈКА МИ… ВАКА ГО ПРАВАМ СЕКОЈА ГОДИНА…ДОСЛЕДНОСТ И ВКУС НЕВЕРОЈАТЕН