Со доаѓањето на студените денови, нагло опаѓа одбранбениот механизам на организамот. Ако на тоа ги додадеме секојдневниот стрес во којшто живееме, загадениот воздух и околина, неправилната исхрана и сомнителната вода која ја пиеме, нашиот имунитет сериозно е загрозен.

Професорот и доктор Сергеј Бубновски, прочуен специјалист за кинезитерапија, препорачува едноставен метод за јакнење на имунитетот, кој воопшто нема да ве чини пари, труд или време.

Потребно е секоја вечер, кога ќе се вратите дома после напорниот ден, да ја наполните кадата или леѓенот со ладна вода во висина од 10-15 центиметри.

Потребно е водата навистина да биде ладна, затоа никако не додавајте топла вода.

Потоа влезете боси во кадата и тапкајте со стапалата по ледената вода само 10-15 секунди. Не го намалувајте, ниту зголемувајте времето. Границата на дејство е токму од 10 до 15 секунди.

Првиот пат можеби ќе ви биде непријатен, па замислете дека играте на некоја весела музика. Потоа можете да излезете од кадата и веднаш да ги избришете нозете со груб фротирски пешкир, а потоа да облечете волнени чорапи. Вака правете секоја вечер за да го зајакнете имунитетот.

Ако веќе ве фатила настинка или грип, во тој случај тапкајте со боси нозе по ладната вода, на секои 4 часа. Ова е најдобрата стимулација за силен имунитет.