Фото и рецепт: Јована

Потребни состојки: 23 лажици брашно (1 лажица околу 20 г, не преполна), 200 г обарен спанаќ, 100 мл масло, 100 мл газирана вода, 100 мл пиво, 1 прашок за печиво
сол по вкус. Постапка: Во длабок сад ставете најпрво 20 лажици брашно, а остатокот подоцна ќе го додадете по потреба. Помешајте го со прашокот за печиво.

Додадете масло, газирана вода и пиво, па замесете тесто. Потоа додадете го ситно сечканиот спанаќ (претходно обарен и исцеден), посолете по вкус и додадете ги преостанатите три лажици брашно. Уште малку месете го тестото, а доколку сметате дека треба, додадете уште малку брашно (јас мерев во лажици, но секој користи различна).

Добиеното тесто поделете го на три еднакви делови. Секој дел развлечете го според големината на плех 30х23, па печете го во намастен и набрашнет, или обложен со хартија. Секоја кора се пече посебно, на 180 степени, кратко време. Готовите кори оставете ги малку да изладат, па филувајте ги со следниот фил.

Потребни состојки: 200 г посен мајонез, 150 г варен ориз, 100 г маргарин, 4 кисели краставички, 2 лажици сенф, 50 г печен сусам за декорација и црн пипер, сол, магдонос. Постапка: Маргаринот пенасто изматете го, па додадете мајонез и промешајте.

Потоа додадете сенф, добро исцеден варен ориз, сечкан магдонос и сечкани краставички. Добро измешајте ја смесата и зачинете по вкус. Уште малку матете за да се соедини убаво и да добие крематозна структура. Вкусете на крај и по потреба додадете уште некој зачин.

Филувајте ја секоја кора, а одозгора наросете печен сусам. Тортата е превкусна, иако е посна. Кога ќе нафилувате една кора, прекријте ја со друга и малку притиснете со рацете одозгора, за да може убаво да се залепи за филот.

Нека не ве збунува количината на филот, што можеби наизглед не е многу, но, верувајте, количината е сосем доволна. Пред сечење добро изладете ја.