Поздравете се со некого и дознајте од што боледува според стисокот на раката

-Треперањето на една рака е еден од првите знаци на Паркинсова болест; студенило на дланките се јавува при анемија, кафеави врвови на ноктите упатуваат на бубрежна болест…

Паркинс е најчеста причина за треперење и тресење на рацете, но причина за ова може да биде и алкохолизам, користење на некои лекови (антипсихотици), а некогаш причината не се ни знае, вели д-р Тања пекез Павлишко.

Треперењето на рацете исто така, е еден од симптомите на болести на штитна жлезда. Треперењето на само една рака е прв знак за Паркинсова болест или може да упатува на есенцијален тремор, пореметување кое предизвикува неконтролирано тресење, а се лекува со терапија или лекови.

Промени на рацете може да се видат кај некои многу ретки автоимуни болести, како што е воспалено срце, вели д-р Пекез Павлишко.

Слаб стисок на раката

Слабиот стисок предвидува поголем ризик од срцев или мозочен удар и помали шанси за преживување, според студијата објавена во списанието Lancet, спроведено на речиси 140.000 возрасни луѓе во 17 земји.

Истражувачите објасниле дека снагата на стисокот е показател на вкупната мускулна снага и форма, па препорачуваат тренинг на целото тело со вежби за снага и аеробни вежби за намалување на ризикот од срцеви болести.

Кога индиските научници проучувале 100 пациенти со хронична болест на бубрезите, откриле дека 36% од нив имаат пола-пола нокти( дното на ноктите со бела боја, а врвот кафеав). Состојбата на ноктите може да биде предизвикано од зголемена концентрација на одредени хормони и хронична анемија, што и двете се симптоми на хронична бубрежна болест. Веднаш посоветувајте се со лекар доколку забележите дека имате такви нокти или темна лента под ноктите. Тоа може да биде скриен меланом, рак на кожата.

Хронични состојби

Состојби при кои како пропратни знаци се појавуваат промени на рацете, се поретки состојби, главно хронични (освен треперењето на рацете) и се јавуваат откако болеста трае подолго.

Па така, црвенило на дланките упатува на оштетување на црниот дроб, задебелени прсти на врвовите се поврзуваат со хронично оштетување на белите дробови или некоја срцева мана, кои денес се откриваат доста рано, па така ретко доаѓа до овие промени.

Карактеристични се и промените на ревматоидниот артритис при што доаѓа до отоци на прстите, а потоа и до деформитет – вели д-р Пекез Павлишко.

Освен студенило, причина за ладни раце и нозе може да бидат анемија и Рејнов синдром. При анемија поради недостиг на железо доаѓа до намано снабдување на телото со кислород. При рејнов синдром доаѓа до црвенило на кожата од прстите, вели д-р пекез Павлишко.

Потење на дланките

Рејновата болест е состојба која предизвикува некои делови од телото, како прстите на рацете и нозете, врвот од носот или ушите, да станат студени или да отапат на чувство, како реакција на ниска температура или на стрес. Се јавува и разлика во бојата на прстите.

Претерано потни дланки може да бидат симптом за менопауза или некоја состојба со штитната жлезда, како и хиперхидроза во која премногу активните потни жлезди предизвикуваат многу повеќе пот отколку шето е потребно. Повеќето луѓе со таква состојба се потат на само едно или две места на телото, како што се пазувите, дланките или стапалата. Лекарот може да препише силен антиперспирант за намалување на производтсвото на пот.

КОГА РАЦЕТЕ НЕ СЕ НИШААТ ПРИ ОД

Паркинсова болест

Се развива постепено, понекогап започнувајќи со едва забележителен тремор во само едната рака. Но иако треморот е можеби најпознат знак на Паркинсова болест, пореметувањето исто така, често предизвикува вкочанетост или успорување на движењето. Во раниот стадиум на болеста рацете можно е да не се нишаат додека одите.

КРВАВЕЊЕ ПОД НОКТИ

Крвавења под нктите се вообичаени кај субакутен инфективен ендокардитис, но може да бидат и како последица од траума. Инфективниот ендокардитис е микробна инфекција на ендотелната површина на срцето или срцевите залистоци која е најчеста кај вродени или стекнати срцеви дефекти.

ЦРВЕНИЛО НА РАЦЕТЕ

Дерматомиозитис

Црвенило на надворешната страна од рацете може да открива дерматомиозитис. Полимиозитис е хронична болест на сврзното ткиво која се карактеризира со болно воспаление и пропаѓање на мускулите, а дерматомиозитис е полимиозитис проследен со воспаление на кожата.

Loading...