Постојат намирници и билни чаеви кои се користат како превенција и лекување на тромбоза

Тромбозата е многу сериозна болест, а проблемот може да го решите доколку ги следите советите на лекарите и пред сè, да ги промените навиките на исхрана и начинот на живот. Билните чаеви и облоги исто така можат да бидат драгоцена помош.

Тромбозата е болест на кр-вните садови при што се формира тромб во вените или артериите. Најчесто се јавува за време на бременоста, по хируршки процедури во областа на стомакот и карлицата, поради пневмонија или после долго седење со спуштени нозе, што е исто така ризик за здравите луѓе. Се јавува во длабоките и големите вени на малата абдоминална карлица – флеботромбоза и површните вени – тромбофлебитис.

Тромбофлебитис

Тоа е акутно локално воспаление на површните вени и околното сврзно ткиво, проследено со формирање на тромб во кр-вниот сад кој е целосно или делумно блокиран. Главно се јавува кај проширени вени и се манифестира со црвенило, стврднување на околната регија и силна болка.

Длабока венска тромбоза или флеботромбоза е појава на тромб во главната вена на ногата или во големите вени на карлицата. Пациентот прво чувствува остра, ненадејна болка во ногата, на која обично нема знаци на болест.

Ден – два после тоа, горниот дел од ногата отекува, а во текот на следните денови, отокот се шири на препоните и долниот дел на стомакот, а исто така може да се појави покачена температура. Отокот постепено исчезнува кога лежите и бојата на кожата станува нормална, така што по станување и одење, симптомите се враќаат.

Оваа форма на тромбоза бара третман во болница за да се спречи емболија. Се препорачува строг одмор со високо подигнати нозе, додека носите еластични чорапи.

Тромбот може да се отстрани со лекови (антикоагуланти) или опера-ција, и ако не се отстрани или разложи во првите три до четири дена, пред да се залепи за ѕидот на вената, може да предизвика хроничен циркуларен арест, едем (акумулација на течност во ткивото, оток на нозете), промени во кожата (егзема) и рани на потколениците кои тешко се лекуваат.

Компликации од тромбоза

Белодробна емболија е најтешка компликација на тромбоза. Бидејќи тромбот расте на венските sидови, поради циркулацијата на кр-вта, може да се оддели во секој момент и да стигне до белите дробови. Тоа зависи од големината на тромбот каде ќе застане:

Ако е доволно голем за целосно да ја блокира десната пулмонална артерија, см-рт-та ќе настане веднаш, но ако е помал и помине низ главниот кр-вен сад во белите дробови, ќе затне една од артериите во тој орган што доведува до сериозно нарушување на неговата функција – белодробен инфар-кт.

Симптомите вклучуваат бледило, забрзан и неправилен пулс, треска, потење, губење на воздух, болка во градите и кашлица со кр-вав спутум, со општ немир. Затоа, ако спаѓате во ризична група или веќе ви дијагностицирале тромбоза, веднаш започнете со третман и строго следете ја пропишаната терапија и советот на лекарот.

Променете го менито

Исхраната, пред сè, треба да се заснова на овошје и зеленчук, претежно свеж или сварен. Се препорачува да се консумира мало количество на месо: телешко, говедско, пилешко без кожа, риба и да се избегнуваат сувомеснати производи.

Јадете млеко и млечни производи со помал процент на млечна маст, избегнувајте пржена храна и месо подготвено на скара. Избегнувајте слатко, грицки, газирани пијалоци, алкохол, цигари и кафе. Препорачливо е да се консумираат следниве јадења што е можно почесто:

Лук – се смета за една од најмоќните намирници во борбата против згрутчувањето на кр-вта. Тајната лежи во состојката ахоин, што спречува тромбоцитите да се лепат заедно. Лукот содржи и аденозин, кој ги раствора тромбите.

Лукот има антитромботично дејство. Содржи силни антикоагуланси кои спречуваат агрегација на тромбоцити и го подобрува растворањето на веќе формираните тромби. Консумирајте го што е можно почесто во свежа состојба.

Морска риба и рибино масло – содржат висок процент на омега – 3 масни киселини кои ја разредуваат кр-вта, спречуваат агрегација на тромбоцити, поттикнуваат растворање на тромби и спречуваат формирање на нови.

Овошје и зеленчук – благодарение на изобилството на витамин Ц, го намалува нивото на фибриноген, што влијае на формирање на тромбите.

Ѓумбир – еден од најдобрите лекови против венска тромбоза. Ја стимулира циркулацијата и делува релаксирачки на кр-вните садови на нозете. Доволно е да ставите парче свеж корен од ѓумбир во чаша врела вода и оставете го покриено половина час. Пијте една до две чаши на ден.

Куркума – овој скапоцен зачин, не само што спречува малигни заболувања, туку и спречува формирање на тромбоцити. Секоја вечер пред спиење мешајте лажичка куркума во чаша топло млеко или вода и пијте ја пополека.

Лутите пиперки – се меѓу најлековитите зачини затоа што го намалуваат кр-вниот притисок и зголемените нивоа на лош холестерол и триглицериди, ја стимулираат циркулацијата и помагаат во растворањето на фибринот, кој е одговорен за формирање на тромби.

Рузмарин. Истурете лажичка сечкан сув лист од рузмарин со 2,5 литри врела вода и оставете поклопено половина час. Процедете и испијте 2 шолји незасладен чај на ден.

Коприва. Истурете една лажичка ситно исецкани лисја од коприва во 2 литри врела, зовриена вода и оставете ја покриена 20 минути. Пијте голтка по голтка, една чаша секој ден. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.

Претходна статијаАко ве мачи хронична кашлица, изгмечете една банана и направете си го највкусниот домашен лек кој постои
Следна статијаАко носот ви е постојано затнат, телото се обидува нешто да ви каже – објаснува доктор од Лондон