ПОСНИ ВАНИЛИЦИ со пудинг од ванила…Повкусни и помеки од овие не сум јадела…Во продолжение можете да прочитате и други рецепти за посни ванилици. Еве што ви е потребно за ванилиците со пудинг:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г маргарин на собна Т
3 лажици шеќер во прав
3 кесички пудинг од ванила (120 г)
околу 200 г остро брашно или повеќе (по потреба)
И уште: мармалад за спојување, шеќер во прав + ванилин шеќер за валање
ПОСТАПКА:
Маргаринот пенасто изматете го со шеќерот во прав додека да добиете фин крем. Додајте го прашокот од пудингот и промешајте, па со постепено додавање на брашното замесете меко и компактно тесто кое лесно се обликува со рака.
Тестото не смее да се лепи или да се распаѓа. Оставете го 1 час во фрижидер. Потоа развлечете го на набрашнета површина во 5 мм дебела кора и со модличка вадете мали кругови (може со метално капаче од шише).
Редете ги во плех (може да е обложен со хартија) и печете ги во загреана рерна на 200 степени да останат светло жолтеникави. Кога ќе се оладат спојувајте ги со џем и валајте ги во шеќер во прав.
Овие ванилици се изненадувачки многу меки и буквално се топат во уста, а можат и веднаш и да се послужат. Во продолжение прочитајте ги другите рецепти:
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г маргарин (или 250 г маргарин и 250 мл масло),
250 г шеќер во прав,
1 лимон,
2 кесички ванилин шеќер,
100 г ореви и 1 кг брашно +-.
И уште: џем по ваш избор за лепење на ванилиците и шеќер во прав за валање и наросување.
ВКУС КОЈ ВЕДНАШ ЌЕ ВЕ ОСВОИ: Сите ги сакаат овие ПОСНИ ВАНИЛИЦИ кои се топат во уста
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 г брашно
150 г мелени лешници
110 г маргарин или путер
100 г шеќер
10 г ванилин шеќер (1 кесичка)
прстофат сол.
За полнење или фил: 70 г чоколадо (посно, со висок процент на какао или по ваша желба)/ густ џем / лешников крем / намаз по желба
РЕЦЕПТ 4 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г маргарин омекнат на собна температура (кој сака може да употреби путер или маст),
100 г шеќер во прав,
рендана кора од лимон,
исцеден сок од половина лимон,
1 кесичка ванилин шеќер,
50 г мелени ореви,
400 г брашно тип 400 или некое друго брашно по ваш избор.
И уште џем за лепење, шеќер во прав во за валање.
КОЛАЧИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА: Старински ПОСНИ ванилици со џем
РЕЦЕПТ 5 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
500 г маргарин (или 250 г маргарин и 250 мл масло)
250 г шеќер во прав
1 лимон
2 кесички ванилин шеќер
100 г ореви
1 кг брашно +-
И УШТЕ: џем од кајсии и шеќер во прав
Посни ванилици: сите ги сакаат бидејќи се меки и се топат во уста
РЕЦЕПТ 6 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 г маргарин омекнат
130 г шеќер во прав
1 ванилин шеќер
1 портокал – рендана кора
300 г универзално брашно
200 г мак