Посни ванилици: сите ги сакаат бидејќи се меки и се топат во уста

Потребни состојки:

500 г маргарин (или 250 г маргарин и 250 мл масло)

250 г шеќер во прав

1 лимон

2 кесички ванилин шеќер

Loading...

100 г ореви

1 кг брашно +-

И уште:

Џем од кајсии

Шеќер во прав

Постапка:

Пенасто изматете го маргаринот со шеќер во прав. Изрендајте кора од лимон и исцедете го сокот. Додадете ванилин шеќер и ореви.

Постепено додавајте брашно да се замеси изедначена, но не премногу тврда смеса.

Развлечете го тестото и вадете со модла ванилици.

Редете ги на плех обложен со хартија за печење па ставете ги во загреана рерна на 180 степени, 5-10 минути.

Внимавајте да не потемнат, треба да останат бели.

Додека се топли спојувајте ги со џем од кајсија и валкајте ги во шеќер во прав.

Loading...