Многу вкусни ситни колачи кои се топат во уста. Ова се омилените посни ванилици, сите ги сакаат бидејќи се меки и се топат во уста. Воопшто не се разликуваат по вкусот од мрсните колачи, ровки се, нежни и неодоливи. Ќе ви претставиме 2 рецепти, па вие одберете кој повеќе ви се допаѓа.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г маргарин (или 250 г маргарин и 250 мл масло), 250 г шеќер во прав, 1 лимон, 2 кесички ванилин шеќер, 100 г ореви и 1 кг брашно +-. и уште: џем по ваш избор за лепење на ванилиците и шеќер во прав за валање и наросување.




ПОСТАПКА: Пенасто изматете го маргаринот со шеќер во прав. Изрендајте кора од лимон и исцедете го сокот. Додајте ванилин шеќер и ореви. Постепено додавајте го брашното, да се замеси изедначена, но не премногу тврда смеса. Развлечете го тестото во кора и вадете ги ванилиците со модла или капаче.




Редете ги на плех обложен со хартија за печење па ставете ги во загреана рерна на 180 степени, да се печат 5-10 минути. Внимавајте да не потемнат, треба да останат бели. Додека се топли спојувајте ги со џем од кајсија и валкајте ги во шеќер во прав. Прочитајте го и вториот рецепт за кој има видео презентација:




Потребни состојки: 250 г маргарин омекнат на собна температура (кој сака може да употреби путер или маст), 100 г шеќер во прав, рендана кора од лимон, исцеден сок од половина лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г мелени ореви, 400 г брашно тип 400 или некое друго брашно по ваш избор.

потребни состојки




Уште ќе ви биде потребно џем по ваша желба за лепење на колачињата и шеќер во прав за валкање на ванилиците. Доколку сакате во шеќерот во прав додадете и неколку кесички ванилин шеќер.

ванилици со џем




Постапка: Омекнатиот маргарин на собна температура, изгмечете го со помош на виљушка. Додајте шеќер во прав и ванилин шеќер и продолжете со матење. Маргаринот можете да го изработите со виљушка или со миксер, како ви е полесно.




Изрендајте и додајте малку рендана кора од лимон и исцеден сок од половина лимон. Уште еднаш добро промешајте за да се инкорпорира лимоновиот сок. Потоа додајте мелени ореви, повторно промешајте за убаво да се соедини.




Постепено во смесата додавајте меко брашно и месете со рака. Брашно додавајте сè додека тестото е меко. Убаво изработете го со рака. Се меси додека да почне да се одвојува од ѕидовите на ѕидот и да не се лепи за раце, а сепак да е меко и лесно да се обликува.




Вака добиеното тесто развлечете го со помош на оклагија во тенка кора со 0,5 см дебелина, па со помош на ракиена чашка, капаче или модли со разни форми вадете ги колачињата. Формите вадете ги и редете ги во плех обложен со хартија, а остатокот од тестото повторно соберете го и формирајте го во топка.




Потоа развлечете го во кора и повторно вадете форми. Постапката повторувајте ја додека да го потрошите целото тесто. Ванилиците ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 12 минути. Проверувајте ги и внимавајте да ја задржат светлата боја.

спојувајте ги со џем

Печените колачи оставете ги малку да подизладат, па спојувајте ги две по две: намачкајте едно колаче со џем па поклопете го со друго колаче и така ќе добиете сендвич. Вака лепените колачиња валкајте ги во шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

ванилици со џем