ПОСНИ СОЛЕНИ КЕКСИ СО ПИВО…вкусни се и после неколку дена – ако останат…

Рецепт на Бранка. Во продавница може да се купат разно-разни солени грицки со широка палета на вкусови.

Меѓутоа, сите знаеме дека индустриските грицки се преполни со тpaнc маcти, а особено штeтни адитиви, конзepванси и вештачки заcилyвачи на вкусови. Затоа, нема ништо поубаво од домашно приготвените грицки.

Доколку не сте ги испробале овие солени кекси со пиво, тогаш запишете си го рецептот и во следната пригода направете ги.

Постапката е многу едноставна, слична на старинските вафли или галети: во еден сад замесувате тесто, а потоа кинете мали парчиња, правите мали топчиња и ги печете во апаратче за галети или на тостер. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

околу 800 г брашно тип 400,
1 кесичка прашок за печиво (10 г),
3 мали лажички сол,
400 мл пиво,
200 мл масло,
50 г ленено семе,
70 г сусам.

По желба во основното тесто можете да додавате и семе или семки по ваш вкус.

ПОСТАПКАТА опишана во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

ПОСНИ СОЛЕНИ КЕКСИ СО ПИВО: Излегуваат многу, вкусни се и после неколку дена – ако останат

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ: