Рецепт на Бранка. Во продавница може да се купат разно-разни солени грицки со широка палета на вкусови. Меѓутоа, сите знаеме дека индустриските грицки се преполни со тpaнc маcти, а особено штeтни адитиви, конзepванси и вештачки заcилyвачи на вкусови. Затоа, нема ништо поубаво од домашно приготвените грицки.




Доколку не сте ги испробале овие солени кекси со пиво, тогаш запишете си го рецептот и во следната пригода направете ги. Постапката е многу едноставна, слична на старинските вафли или галети: во еден сад замесувате тесто, а потоа кинете мали парчиња, правите мали топчиња и ги печете во апаратче за галети или на тостер. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: околу 800 г брашно тип 400, 1 кесичка прашок за печиво (10 г), 3 мали лажички сол, 400 мл пиво, 200 мл масло, 50 г ленено семе, 70 г сусам. По желба во основното тесто можете да додавате и семе или семки по ваш вкус.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад најпрво ставете ги телните состојки, пивото и маслото, па додајте ја солта и промешајте за да се растопи солта. Потоа додајте го сусамот и лененото семе, па малку промешајте со лажицата.




Во оваа мешавина започнете постепено да го додавате брашното. приближно ќе ви биде потребно околу 800 г брашно, но тоа најмногу зависи од самото брашно, како впива. Во брашното додајте го и прашокот за печиво.




На почетокот мешајте со лажица додека брашното да ги впие течностите, а кога тестото ќе згусне, започнете го месењето со рака. Треба да се меси неколку минути додека да стане изедначено, компактно и мазно.




Тоа многу брзо и лесно се формира, па нема потреба од долго месење. Кога ќе се измеси тестото не треба да го оставате да отстојува или стасува, туку веднаш може да се започне со работа. Кинете мали парчиња од него и формирајте топчиња.




Додека ги формирате топчињата, вклучете го апаратот за галети да се загрева. Топчињата правете ги со големина на орев. Кога ќе се загрее апаратчето, само наредете ги топчињата и поклопете ги со тостерката.




Се печат по неколку минути додека малку да заруменат. Во тестото може да додавате ким, црно семе, семки од тиква, семки од сончоглед, ситно сечкани кикирики и др. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.