Многу, многу вкусни ситни колачи!

Потребни состојки: 100 г ореви, 1 чаша пиво, 1 чаша масло, 1 чаша шеќер, 3 чаши брашно, 1 прашок за печиво + шеќер во прав за наросување + цели јатки ореви околу 36

Постапка: Во брашното додадете прашок за печиво и промешајте. Потоа додадете шеќер, промешајте, па 100 г ореви сечкани ореви или смелени, па додадете масло и убаво промешајте.

На крај додадете го пивото и мешајте со дрвена лажица додека да добиете компактно тесто кое се одвојува од ѕидовите. Тестото оставете го половина час да одмори. Ако тестото ви е меко, додадете уште многу малку брашно за да добиете компактно тесто.

После половина час кинете од тестото и со дланките формирајте топчиња во кои ќе ставите јатка орев. Можете да правите топчиња или ружички. Готовите топчиња редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Колачите се печат во загреана рерна на 180 степени кратко време треба да останат бели, а да не поцрнат. Излегуваат 36 топчиња. Уште додека се топли се наросуваат со шеќер во прав. За деталите погледнете го видеото: