Посни погачици “АЛА ВЕДНАШ ГОТОВИ” за вкусен појадок или вечера

Многу вкусни погачици кои се печат во рерна без дополнителни маснотии.

Потребни состојки:

250 г испасиран варен компир
250 г посен маргарин
400 г брашно
20 г квасец
3 лажици ајвар
½ китка магдонос
малку шеќер
1 лажичка сол
по вкус може да додадете и малку ситно сечкани перца од млад кромид или праз

Постапка:

Излупете го компирот и ставете го да се вари. Квасецот ставете го во чаша со малку шеќер и малку млака вода.

Loading...

Маргаринот пенасто изматете го, додадете сол, ајвар и сечкан магдонос. Додадете го испасираниот компир и активираниот квасец. Замесете компактно тесто и од него развлечете кора со оклагија, со дебелина од 2 см.

Сечете погачици со чаша и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Секоја погачица премачкајте ја со малку ајвар.

Оставете ги погачиците да стасуваат околу 15-тина минути, а потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да заруменат.

Loading...