Посни парени колачи со јатка орев, валкани во кокос

Рецептот за овие прекрасни посни колачи ни го претстави нашата драга Светлана Карапетровска во групата НМД рецепти.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска

Мерката е со чаши од 200 мл

Потребни состојки:

Loading...

6 чаши брашно
2 чаши масло
1 чаша ладна вода
2 прашок за печиво
јатки орев
кокос за валкање

за шербет:

2 чаши шеќер
2 чаши вода
1 ванилин шеќер

Постапка:

Брашното се става во подлабок за д и се меша со прашокот за печиво. Се додаваат маслото и водата, па се замесува меко тесто кое не лепи на раце. Тестото се остава 10 минути да одмори.

Потоа се кинат парчиња, се формираат топчиња со величина на орев, а во секое топче се става по една јатка орев.

Вака приготвените топчиња се редат во плех намастен со масло и се печат во претходно загреана рерна на 200 степени колку да заруменат. Се вадат и се оставаат да изладат.

Се прави шербет од 2 чаши шеќер, 2 чаши вода и 1 ванилин шеќер.

Со врелиот шербет се поливаат изладените колачи внатре во плехот каде се печеа. Се оставаат да го впијат шербетот, а потоа се валкаат во кокосово брашно.

Фото и рецепт: Светлана Карапетровска Македонска

Loading...