Рецепт на Марина Станојевиќ од “Мариниот вкус”. Овој познат рецепт за подготовка на медени срце е знаен уште пред многу години. Медените срца ги подготвувам со години за секоја пригода, а верувајте веднаш се јадат. Ова е еден од првите колачи што ги направив додека бев мала и сè уште ми е омилен колач.

Со повеќегодишното искуство ја зголемив количината на некои состојки и сега го имам совршениот рецепт за медени срца кој со задоволство го споделувам со вас. Сите состојки во колачот се посни, а водата во рецептот може да ја замените со млеко, но навистина нема потреба.

Потребни состојки за тестото: 300 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 100 мл масло, 300 мл вода, 600 г брашно, 1 лажичка сода бикарбона, 1 кесичка прашок за печиво, 1 лажичка какао, 1/2 лажичка цимет, 3 лажици џем од кајсија (или кој било друг џем/мармалад).

За филот: 8 лажици џем од кајсија (или кој било друг џем/мармалад), 1 лажичка цимет, 1/4 лажиче лимонтус (или малку сок од лимон). За глазура: 150 г чоколадо, 5 лажици масло.

Подготовка: Истурете го брашното во сад и измешајте го со прашокот за печиво, сода бикарбоната, какаото и циметот. Потоа додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, маслото, џемот од кајсија и водата и убаво измешајте со жица додека состојките се соединат во хомогена смеса.

Во плех со димензии 24×36 ставете намастена хартија за печење и наросете ја со малку брашно, а потоа истурете половина од смесата и печете во рерна загреана на 180 ° C десет минути додека горниот слој да се стврдне.

Во меѓувреме, измешајте го џемот со циметот и лимонтусот или сокот од лимон. По изминатото време извадете го плехот за печење од рерна, премачкајте половина од подготвениот џем врз полупеченото тесто, а потоа прелијте ја преостанатата смеса, израмнете и вратете да се испечете колачот уште 15-20 минути.

Топлиот колач премачкајте го со преостанатиот фил и оставете го да се излади. Во сад на пареа растопете го чоколадото со маслото, мешајте додека да се соедини, а потоа прелијте го врз колачот. Кога глазурата ќе се стврдне, со остар н-ож исечете го на парчиња со големина по ваша желба, но и со модли не заборавајте да направите форма на срце. / Marinastaste.com