Посни кифлички меки како памук, одлични за секаква пригода. Рецепт и фотографија на Никиќ Билјана. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг бело брашно,
1 кесичка прашок за печиво,
40 г активиран квасец (во малку топла вода и лажица шеќер),
4 лажици шеќер,
1 лажица сол,
100 мл масло и
500 мл млака вода,

Растворете го квасецот во малку млака вода со шеќер, па откако ќе запени после 10-15 минути, сипете го во брашно помешано со прашок за печиво, шеќер и сол, па додајте масло и со постепено додавање на млака вода замесете фино, меко тесто.

Кога тестото ќе стане еластично и да се одвојува од ѕидовите на садот, обликувајте го во топка и покриено оставете го во топла просторија да ферментира додека убаво да го зголеми волуменот.

фото: Душан Симовиќ

Потоа премесете го и повторно оставете го да ферментира. Вториот пат побрзо ќе го удвои волуменот. Потоа кинете парчиња од него и обликувајте топчиња со големина на јајце.

Со оклагија развлекувајте ги во овални форми, направете засеци на краевите но не до крај и виткајте ги кифличките (како гасенички). Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со посен мајонез.

Рецепт и фотографија на Никиќ Билјана

Оставете ги да одморат 15 минути додека се загрева рерната за да пораснат малку. Печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15 до 20 минути, а кога ќе ги извадите од рерна, секоја кифличка премачкјате ја со лажичка растопен посен маргарин.

Вкусни се и така да се јадат, но и со разни предјадења, бидејќи се празни и посни. Рецепт и фотографија на Никиќ Билјана.

Рецепт и фотографија на Никиќ Билјана