ПОСНИ КИФЛИ СО МАК…Тестото веднаш се филува и пече, жешки ги јадеме…Нема потреба од чекање, сè е брзо готово.

Филот можете да го подготвите по вкус од јаболка, џем, вишни, ореви…Се печат 10 минути на 200 степени и уште 10-15 минути на 180 степени. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

550 г брашно Т-400
ситно рендана кора од 1 лимон
150 г посен маргарин
1 кесичка прашок за печиво
15 г свеж квасец
5 супени лажици шеќер
1 прстофат сол
250 мл млака вода

За фил:
500 г мак (готова смеса за штрудла) или
300 г мак (мелено семе од афион) + 100 г шеќер
3 лажици џем
200 мл чај од камилица
50 г растопен маргарин за премачкување

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад просејте го брашното и додајте рендана кора од лимон и 150 г мек маргарин (можете да го рендате додека го валате во брашното за послено да се соедини).

2.Потоа додајте прашок за печиво, шеќер, сол, изронет квасец и со постепено додавање на млака вода замесете компактно меко тесто кое не се лепи.

3.Завиткајте го тестото во фолија или кеса и оставете го да отстои во фрижидер 15-20 минути додека го подготвувате филот.

4.Во подлабок сад помешајте ја смесата од мак (или мак+ шеќер), додајте џем, постепено сипете чај од камилица и сето соединете го во густа смеса.

5.Тестото извадете го од фрижидер, поделете го на половина и секоја топка на набрашнета површина развлечете ја во тенка правоалголна кора.

5.Исечете ја на 6 квадрати, на секој направете мали засеци од едната страна, а од другата страна нанесете фил. Виткајте ги кифлите-штрудли и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

6.Кифлите премачкјате ги со растопен маргарин и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени 10 минути, а потоа намалете на 180 степени и допечете ги уште 10-15 минути или додека да заруменат.

7.Кифличките оставете малку да подизладат па посипете ги со шеќер во прав. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/_SC5GkxXxQU?si=5zxGHmA0CfTg2gwL