Посна торта со суви сливи, банани, ореви, урми и рогач, многу е вкусна и здрава

Фото и рецепт: Mi Zlica – Посна, веганска торта со суви сливи.

Ако сакате нешто вкусно, благо и ептен здраво, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас. Се приготвува најбрзо што може, а сите состојки се екстра здрави.

Потребни состојки:

200 г ореви
13 свежи урми
270 г суви сливи
3 големи зрели банани (заедно со кората 500 г)
4 супени лажици мелен рогач

Постапка:

Мелен рогач можете да купите од речиси секоја подобро снабдена продавница за здрава храна или супермаркет, Краш или во одделот за здрава храна во некои аптеки.

Во “Сецко” или блендер сомелете ги оревите заедно со урмите, па таа смеса натапкајте ја во калап со величина 20 см, како подлога. Доколку немате ваков калап, тогаш може да се послужите со било кој сад, огноотпорен сад, кој ќе го обложите со проѕирна фолија.

Сувите сливи потопете ги во топла вода 10 минути за да набубрат малку, а потоа исцедете ги и изблендирајте ги. Бананите изгмечете ги со вилјушка, па рачно измешајте ги со сливите и рогачот.

Оваа смеса рамномерно прелијте ја врз подлогата, убаво израмнете и тортата оставете ја во фрижидер да преноќи.

Одозгора можете да ја наросите со мелени ореви или да ја украсите со мали топчиња направени од смесата за подлога (ако тргнете малку на страна). Во смесата можете да додадете и неколку капки од некој ликер (или сливова ракија), чисто колку да замириса и ако не ја послужувате на деца.

Фото и рецепт: Mi Zlica

Претходна статијаГи правела овие вежби само 12 минути дневно – За еден месец салото од бутовите и целулитот потполно исчезнале
Следна статијаНајдобриот природен лек за штитна жлезда