Посна торта со пиво и ореви: лапни – голтни

Оваа торта иако е посна, многу е вкусна и едноставно се приготвува. За премачкување можете да користите било каков џем, што ви се наоѓа дома.

Потребни состојки (вкупно):

500 мл пиво
900 г ореви
700 г шеќер
400 г меко брашно
4 лажици масло
1 лимон
2 ванилин шеќер
1 лажичка сода бикарбона
џем од кајсии или некој друг, по ваша желба

Постапка:

Замесете тесто од 500 г шеќер, 500 г мелени ореви, 400 г меко брашно, рендана кора и сок од еден лимон, 1 лажичка сода бикарбона, 4 лажици масло и 500 мл пиво.

Loading...

Од добиената смеса треба да испечете две кори (во намастен и набрашнет плех со средна величина, на 180 степени или според вашата рерна).

За фил: Сварете 200 г шеќер со вода околу 200 мл, сирупот да биде поредок од оној за слатко, па додадете 250 г мелени ореви и 2 ванилин шеќери.

Печената кора најпрво премачкајте ја со џем од кајсии преку цела површина, а потоа рамномерно распоредете го изладениот фил.

Од истиот дил оставете и за премачкување на целата торта од надворешна страна, а одозгора наросете со преостанатите ореви (150 г).

Posnajela.rs

Loading...